Храна која ги ублажува главоболките и ја олеснува мигрената
Лубеница и моркови
Кога имате мигрена, од помош е да се напиете вода. Па, консумирањето храна како лубеница, моркови, краставица и слично ќе ја намали главоболката.
Дехидратацијата е најчестата причина за главоболка, па не заборавајте да пиете вода.
Киноа
Покрај бројните здравствени придобивки, киноата е и одличен сојузник во борбата против главоболките. Киноата е богата со магнезиум и железо и е можеби најдобриот продукт што помага при главоболки.
Јогурт
Според некои истражувања, состојката рибофлавин е најефективна против главоболките, а јогуртот ја има во изобилство.
Лимонов сок
Поради големото количество витамин Ц, лимоновиот сок има многу здравствени придобивки. Кога имате силна главоболка, измешајте малку лимонов сок со вода, додајте 2 лажици сол и испијте го пијалакот.
Оваа смеса ќе го намали воспалението и ќе направи да се чувствувате подобро.
Бонус: Паста од цимет
Можете да си направите и природен лек за главоболка, а потребни ви се само цимет и вода.
Измелете две стапчиња цимет, а потоа додајте малку вода и направете паста.
Нанесете ја пастата на слепоочниците и челото секогаш кога ќе почувствувате главоболка.
Отстранете ја смесата после 25-30 минути.
Спирова С. | Црнобело