Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна?
Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора во витамин А. Но, ако јадете премногу моркови и храна богата со бета-каротен, може да дојде до промена на бојата на кожата.
На телото му е потребна различна храна за да функционира нормално. Но, понекогаш се случува да претераме со одредени намирници и тоа да има негативен (моментален или подолгорочен) ефект врз здравјето.
Што се случува со телото ако претераме со одреден тип храна?
Банани
Бананите се меѓу најпопуларните овошја во светот и може да имаат вистински бенефит за здравјето. Тие, на пример, помагаат кога имате дијареја.
Но, ако изедете премногу банани, почнува да се зголемува нивото на калиум во крвта, што е вообичаено познато како хиперкалемија.
Главни симптоми на хиперкалемијата се грчеви, болки во стомакот и градите, гадење, повраќање и мускулна слабост.
Спанаќ
Спанаќот стана многу популарен по цртаниот филм за Попај морнарот.
Тој може да ви даде сила ако се консумира правилно, односно преку него во телото ќе внесете хранливи материи и влакна.
Но, ако изедете преголема количина спанаќ тоа може да доведе до надуеност, грчеви во стомакот и гасови.
Млеко
Млекото е богато со калциум кој е неопходен за да имаме здрави коски.
Но, преголемото консумирање млеко и млечни производи може да предизвика неколку проблеми, меѓу кои и појава на акни или проблеми со дигестивниот систем.
Преголемата количина на калциум во телото може да влијае негативно на бубрезите, да ги оштети, а во некои случаи и да предизвика камен во бубрезите.
Моркови
Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора во витамин А.
Но, ако јадете премногу моркови и храна богата со бета-каротен, може да дојде до промена на бојата на кожата.
Ова е поизразено кај децата отколку кај возрасните.
Сол
Можете ли да замислите вкусна храна која не ви е солена по вкус? Солта му помага на телото да ги грчи и опушта мускулите и да создава баланс помеѓу хранливите состојки и водата која ја консумираме на дневно ниво.
Но, преголемата количина сол може да предизвика потекување на различни делови од телото. Ова е најизразено кај стапалата.
Преголемото внесување сол може да ги зголеми и шансите за појавата на висок крвен притисок, камен во бубрегот, остеопороза, главоболки и слично.
Компири
Постојат луѓе кои секој ден би јаделе компири. Тие брзо заситуваат, вкусни се и богати се со влакна кои му се потребни на организмот.
Но, истражувањата покажале дека преголемото консумирање компири, освен што дебелее, лесно може да доведе до висок крвен притисок.
Јаболка
Иако се вклучени во скоро секоја диета бидејќи го намалуваат крвниот притисок, ве држат сити и помагаат во намалувањето на килограмите, преголемото консумирање јаболка може да предизвика ерозија на глеѓта на забите.
А. Ј. | Црнобело