Што е псоријаза, болеста која ја имаат многу луѓе, меѓу кои и Ким Кардашијан?
Пред извесно време, Ким Кардашијан објави фотографија која не е типична за нејзиниот начин на кој ги води своите социјални профили.
Таа за своите фанови откри дека страда од псоријаза, состојба на кожата која резултира со лишаи, чешање и во најтешките случаи, отворени ранички кои крварат.
Но, што точно е псоријазата?
Се работи за автоимуно заболување, поради кое клетките на површинскиот слој на кожата се размножуваат со брзина 10 пати поголема од нормалната, па поради тоа се појавуваат црвени пликови, кои потоа се лупат.
Често оваа состојба е наследна и може да се појави преку целото тело, но најчесто на дланките, стапалата, вратот, скалпот и лицето.
Симптоми на псоријаза
Најчести симптоми се црвените пликови прекриени со суви лишаи, кои чешаат, но може и да крварат. Некогаш може да се појават и околу ноктите.
Постои ли лек?
Лек за болеста не постои, но симптомите се контролираат со креми. Медицинските креми и тоници кои се користат за оваа состојба содржат кортикостероиди, салицилна киселина, ретинол и витамин А. Постојат и терапии со сончева светлина или нејзината вештачка варијанта.
Кога ништо од ова не ја подобрува ситуацијата, постои и опцијата за лечење со апчиња или инјекции.
Е. Д. | Црнобело