Зад Инстаграм гламурот: Ким Кардашијан се соочува со тешки проблеми со псоријаза

Светот е навикнат на беспрекорните селфи-фотки на познатата старлета и нејзиното семејство, но со една објава на Инстаграм, таа ја смени целосната перцепција за проблемите со кои се соочува.

zad-insta-glamurot-kim-kardashijan-se-soochuva-so-teshki-problemi-so-psorijaza-01.jpg 

Иако првата асоцијација за Ким е секогаш добро уредени фотографии, шминка и фризура, овојпат таа реши да проговори за своите проблеми со псоријазата.

Таа покажа еден не толку гламурозен дел од својот живот, односно реален проблем со кој се соочуваат многу луѓе во светот - псоријаза.

zad-insta-glamurot-kim-kardashijan-se-soochuva-so-teshki-problemi-so-psorijaza-02.jpg

Ким веќе подолг период се соочува со овој проблем, а не ѝ е првпат на социјалните мрежи да сподели фотка од нејзината кожа, или пак, од третманите, машините и препаратите со кои си помага. 

zad-insta-glamurot-kim-kardashijan-se-soochuva-so-teshki-problemi-so-psorijaza-02.jpg

Што е псоријаза?

Псоријазата е генетски предизвикано автоимуно заболување кое се манифестира со лишаи на кожата, кои може да преминат и во ранички.

Нарушувањето не е заразно, а третманот вклучува во полесните случаи кремови со кортико-стероиди, суплементи со витамин Д, зрачење со УВ-ламби, а во потешките случаи треба да се манипулира имунитетот (со лекови наречени имуномодулатори), за да се спречи телото да уништува здрави клетки на кожата.

Почесто се појавува во зима, а како предизвикувачи може да се јават и стресот, депресијата и динамичниот начин на живот кој го скратува одморот и редовните оброци. Псоријазата не се лечи, но може успешно да се контролира со помош на соодветна терапија.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали Викторија Бекам ќе успее да го врати семејниот мир и да се смири со снаата Никола Пелц? Викторија долго време беше централна фигура кај Бекамови, но кога нејзиниот син ...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
„Упс, нова сум во ова“ – Како Парис Хилтон одговара на критиките дека не е добра мајка? Во една епизода од реалното шоу призна дека 1 месец по раѓањето на синот уште не...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg