Дали Викторија Бекам ќе успее да го врати семејниот мир и да се смири со снаата Никола Пелц?
- Детали
- сабота, 26 април 2025
Викторија долго време беше централна фигура кај Бекамови, но кога нејзиниот син Бруклин пред 3 години се ожени со Никола Пелц - почнаа проблемите. Каков однос имаат свекрвата и снаата?
Се вели дека една слика вреди илјада зборови, а токму тоа го направи Николa Пелц Бекам, кога нејзиниот сопруг Бруклин Бекам (26) објави фотографија од нејзиното неверојатно тело во бикини на Инстаграм, во деновите кога беше актуелен роденденот на Викторија Бекам, а тие не се појавија таму.
Но, не беше фигурата на Николa таа што го привлече вниманието, туку нејзиниот став - како го заштитува Бруклин, кој изгледа кротко и скриен зад неа.
Оваа фотографија кажува многу, особено по критиките кои го следеа парот, откако не ѝ го честитаа роденденот на мајката на Бруклин, Викторија Бекам, која наполни 51 година на 17-ти април.
Браќата на Бруклин, Ромео и Круз, како и неговиот татко Дејвид, искажаа љубов и почит кон Викторија на социјалните мрежи. Но, од страна на Николa и Бруклин годинава имаше само молк.
Наместо тоа, Бруклин тогаш објави фотографии од себе и неговата убава сопруга на музичкиот фестивал Коачела во Калифорнија, каде се гушкаат и се бакнуваат.
Тоа беше силен контраст со минатата година, кога за 50-тиот роденден на Викторија и двајцата јавно ѝ испратија пораки.
Иако Викторија не покажува, очигледно односите помеѓу неа и Пелц не се сјајни.
Николa како постојано да сака да ѝ нагласи дека таа ќе биде прва во срцето на Бруклин.
Како постојано и преку фотографии и преку дела да сака да ѝ порача: „Не можеш да се натпреваруваш со ова“ и „Јас сум најважната жена во неговиот живот, прифати го тоа“, пишува една авторка за магазинот „TheSun“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





