Знаци кои покажуваат дека вашето тело старее предвремено

Според научниците, брзината на стареењето зависи и од екстерните фактори, покрај наследните.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vasheto-telo-staree-predvremeno-01.jpg

Придонесот на генетиката е само 20%, а истражувањата покажуваат дека кај некои луѓе организмот и телото многу побрзо старее, додека кај други е многу побавен овој процес.

Биолошкото стареење се рефлектира на изгледот, па луѓето со иста возраст може да изгледаат многу поразлично.

Телото секако, дава знаци кои сигнализираат прерано стареење, па погледнете кои се тие:

Претерано сува и ронлива кожа

Знаците за стареење на кожата обично се појавуваат по 25-та година, а еден од нив е постојано сувата кожа и видливото лупење на истата, како и дамки од пигментација и брчки.

За тоа може да допринесе нездравиот начин на живот, проблеми со хормони, не користење креми за сонце, како и стресот.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vasheto-telo-staree-predvremeno-02.jpg

Премногу спуштени капаци на очите

Тенката кожа околу очите е резултат на многу различни фактори, како умор, недостаток на сон, стрес и изложеност на ултравиолетови зраци.

А, првите знаци на стареење се појавуваат во овој дел. Спуштените капаци на очите додаваат години во изгледот, а ако оваа промена се случи над 40-та година, значи дека телото прерано почнува да старее.

Затоа наспивајте се, избегнувајте солена храна, пијте вода и не заборавајте да се грижите за кожата во овој дел.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vasheto-telo-staree-predvremeno-03.jpg

Нарушен циклус кај жените

Нередовен менструален циклус може да биде знак за рана менопауза.

Тоа се смета за нормално кај жените од 46-54 години, но ако промените дојдат порано, значи дека телото и внатрешните органи предвремено стареат.

Затоа, редовно посетувајте гинеколог за да може навреме да се откријат промените и не го запоставувајте внесот на витамини.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vasheto-telo-staree-predvremeno-04.jpg

Физичка слабост

Ако одењето по скали, пешачењето или било која секојдневна физичка активност почнува да ви станува потешка, можно е причината да е недостаток на движење, но и разлики помеѓу вистинската и биолошката возраст.

Затоа редовно бирајте спортски активности кои ви одговараат за да не се форсирате себеси и секогаш бидете физички активни.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vasheto-telo-staree-predvremeno-05.jpg

Забележително опаѓање на косата

Паѓањето на 50 до 125 влакна на ден се смета за нормално кај возрасна здрава личност.

Но, ако при секојдневното чешлање, на чешелот останува голема количина на влакна, тоа е сигнал на стареење на телото.

Може да биде знак за проблеми со хормоните, а со брзото стареење на телото, може да биде забележително опаѓање на влакна и на други делови.

Бирајте правилни препарати за хигиена, збогатете ја исхраната со омега 3 масни киселини и заштитете ја косата од сонцето.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vasheto-telo-staree-predvremeno-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg