Навики од кои треба да се откажете ако сакате да немате проблеми со грбот
Голем дел од луѓето патат од проблеми со грбот и секојдневни болки.
Иако за некои од нив, болката потекнува од сериозни болести или повреди, сепак кај повеќето е заради секојдневните навики и начинот на живот.
Најчесто, не ни забележувате како се случува тоа и зошто овие навики ви пречат, сè додека веќе не е предоцна.
За жал, поголемиот дел од нив е тешко да се искоренат, бидејќи понекогаш се клучни за работата и секојдневието, но може да се потрудите да промените нешто.
Навики кои придонесуваат за проблеми со грбот и од кои треба да се откажете:
Професионална деформација
Проблеми со грб немаат само оние со класична канцелариска работа, туку работници од различни сфери.
Оние кои креваат тешки работи, козметичарите кои постојано се наведнати при третмани или правење маникир, архитектите кои постојано цртаат наведнато, како и возачите и уште многу други луѓе со најразлични професии.
Факт е дека секоја професија придонесува за неправилно седење и ризик од проблеми со грбот, па затоа обидете се секогаш да правите мали паузи.
Искористете ги за истегнување и прошетка, така што ќе ја ослободите тензијата од мускулите на грбот.
Домашни работни обврски
Иако можеби не ви изгледа така, сепак секојдневните домашни работни обврски исто така придонесуваат за искривување на грбот доколку не сте внимателни.
Ако не обрнувате внимание на ставот за време на миење садови, готвење ручек или пеглање, дури и 2-те минути кои мислите дека не менуваат, на секојдневно ниво и долгорочен план, може многу да променат.
Затоа, околината во домот прилагодете ја да биде функционална на секој начин. Висината на масите, лавабото и даските, треба да биде поголема, а вие обидувајте се секогаш да бидете исправени што и да правите.
Неудобни чевли
Убавината понекогаш бара големи жртви од грбот иако можеби не го чувствувате тоа, посебно додека сте млади.
Жените често забораваат на држењето на телото, а високите штикли не треба да се носат подолго од 2 часа на ден.
Целосно рамните чевли пак, исто така создава иста тежина на ‘рбетот како штиклите, па не се препорачуваат ниту тие.
Најдобро е секојдневните чевли да ви бидат со ниска и дебела удобна штикла за да може телото подобро да ја издржи тежината и постојано да биде исправено.
Големи чанти на едно рамо
Големите чанти кои се носат на една рака или рамо се сериозна закана за здравјето на грбот.
Повеќето жени сакаат да земат сè со нив, па освен што се големи, тие и се тешки, а грбот се соочува со сериозен товар.
Најдобро е да носите модерни ранчиња, чија тежина ќе биде распоредена на цел грб од двете страни.