Навики од кои треба да се откажете ако сакате да немате проблеми со грбот
Тесна облека
Претерано тесната облека која се носи секојдневно, а ја ограничува слободата на движењето ја попречува циркулацијата на крвта.
Така, може да се создаде болка во мускулите на грбот, па затоа внимавајте при изборот на облека и носете нешто што нема да ви ја сопре циркулацијата и во што ќе бидете слободни.
Стрес и депресија
Според некои научни истражувања, докажано е дека депресивната ментална состојба може да предизвика голема тензија во мускулите на грбот.
Така, болката не може да се избегне, а може да ја намали физичката активност, но пред сè задолжително да се намали и отстрани стресот.
Неправилна позиција за спиење
Неудобната положба за спиење, во комбинација со неправилен душек не само што му попречува на сонот, туку предизвикува и болка во грбот.
Душекот не треба да биде многу мек, но не и целосно тврд. Линијата на ‘рбетот треба да биде рамна, а ако спиете на страна, главата не треба да биде подигната или спуштена.
Прилагодете ја висината на перницата, практикувајте да спиете на грб и да ставате перница под колената за да се ослободите од тежината на половината.
Неправилно дигање на тежина
Секако дека честото дигање тешки работи не е добро за грбот, но во некои ситуации кога не може да се избегне, правете го тоа правилно.
За да не го повредите грбот, наместо да го наведнете само грбот и да кренете, клекнете надолу и свиткајте ги колената, а грбот и главата држете ги исправени.
М. М. | Црнобело