Ужасни навики кои секоја жена ги има и решенија за нив
Зависни се од грицкање, не внимаваат на начинот на седење пред компјутерот, понекогаш ги мрзи да ја извадат шминката и се „мачат“ со високите потпетици.
Жените најчесто изгледаат беспрекорно, но понекогаш дневните обврски прават да заборават да внимаваат на себе и своето тело.
Лоши навики кои речиси секоја жена ги има:
Грицкање во „недозволено“ време
Жените вежбаат и се трудат да направат баланс во исхраната, но навистина не можат да одолеат на благо и чипс додека гледаат филм на пример.
Совет:
Најдобро е во домот да немате вакви производи и постојано да имате шише вода до себе од кое ќе пивнувате по малку за да се чувствувате заситени. Плус, ќе бидете хидратирани, а тоа е одлично за здравјето.
Понекогаш не ја вадат шминката пред спиење
Преморот понекогаш ги прави жените мрзеливи и тие знаат да си легнат со шминка.
Совет:
Сепак, оваа мрзеливост покрај тоа што ќе ви ја извалка постелнината, ќе направи порите да ви се затнат, лицето да ви старее предвреме, а може да добиете и иритација на очите.
Нареден пат кога ќе добиете ваква идеја, само помислете на сите негативни последици и брзо ќе се премислите.
Не обрнуваат внимание на позата кога седат пред компјутер
Задлабоченоста во работата често прави да заборават на позата во која седат пред компјутерот.
Совет:
Па, наместо после да пиете лекарства против болките во грбот, добро ви било да си обезбедите ортопедски потпирач за на столчето, но и постојано да практикувате вежби за растегнување. Исто така, одлично е да се запишете на часови по јога или пилатес.
Носат некомфорни чевли
Одат во продавница, се вљубуваат во чевли на прв поглед и ги купуваат во истиот миг.
Но, долгорочно тие се неудобни и прават стапалата да им се „чувствуваат“ мизерно.
Совет:
Купувајте удобни чевли. Исто така, нема потреба да носите високи потпетици секогаш и секаде. Чувајте ги за посебни пригоди.
С. С. | Црнобело