6 работи на кои не смее да заборавите после секс

Секогаш повеќе се зборува за тоа што треба да се прави пред интимните односи, како и за време на водењето љубов. А, што e после сексот?

5-raboti-na-koi-ne-smee-da-zaboravite-posle-seksot-1.png

Селфи од кревет? Ма, не! Eдни филмски палат цигара по односот. Други, пак, трчаат до фрижидерот, како би ја надоместиле изгубената енергија. А, третите уште веднаш заспиваат во длабок сон.

Сепак, првенствено од здравствени причини, експертите советуваат дека постојат одредени нешта кои пожелно е да ги направите непосредно по водењето љубов.

5-raboti-na-koi-ne-smee-da-zaboravite-posle-seksot-2.jpg

Ова се шесте работи на кои не смее да заборавите после сексот:

1. Да мокрите во тоалет

Сексот е честа причина за инфекција на уринарниот тракт кај жените, бидејќи интимниот однос воведува бактерии во истиот.

За време на сексот, уретрата доаѓа во контакт со бактериите од пределот на гениталиите и анусот, овозможувајќи им да влезат во уретрата, мочниот меур, а на крајот и во бубрезите, што ќе резултира со инфекција.

Задолжителното уринирање после водењето љубов е меѓу најпосочуваните совети за избегнување на ваквото сценарио. „Пуштете вода“, па со неа испратете ги штетните бактерии во тоалетната школка.

5-raboti-na-koi-ne-smee-da-zaboravite-posle-seksot-3.jpg

2. Да ги измиете интимните делови

Личната хигиена треба секогаш да биде правило, а не исклучок, особено после интимните односи. За време на сексот, партнерите разменуваат телесни течности, но исто така и бактерии.

Лубрикантите, односно средствата за подмачкување, како и бактериите од прстите, устата и ректумот, може да ги зголемат шансите за развој на габична или бактериска инфекција.

Затоа, исплакнете го добро интимното подрачје со млака вода и сапуница, како би ја избегнале можноста за инфекција. За таа намена, препорачливо е користењето на непарфемиран сапун.

5-raboti-na-koi-ne-smee-da-zaboravite-posle-seksot-4.jpg

3. Да се опуштите во топла купка

Покрај тоа што капењето во пенлива када е вистински празник за сетилата, особено по водењето љубов, дополнителното додавање на кокосово масло во топлата купка, уште толку ќе го зголеми нејзиното благотворно дејство.

Придонесува за хидратација на кожата, како и омекнување или ублажување на отоците и иритациите во интимното подрачје, коишто неретко се јавуваат како последица од сексот.

Воедно, го редуцира ризикот и од споменатите инфекции.

5-raboti-na-koi-ne-smee-da-zaboravite-posle-seksot-5.jpg

4. Да облечете памучна долна облека

Инфекциите на мочниот меур и сличните воспаленија, може дополнително да се спречат и со носењето облека од памучен материјал.

Фино избањати, освежени и исушени - време е на себе да облечете нешто пријатно и проветрувачко.

За разлика од синтетичката, памучната долна облека овозможува доволен проток на воздухот „долу“, спречувајќи го на тој начин размножувањето на штетните бактерии.

Притоа, избегнувајте ги и претесните пижами и ноќници, кои ја заробуваат влажноста, па се погодно тло за развој на бактериите. За максимално проветрување, пак, стои и опцијата да спиете сосема голи.

5-raboti-na-koi-ne-smee-da-zaboravite-posle-seksot-6.jpg

5. Да се напиете вода

Како и после тренинг, така и по сексот е потребно да му „вратите“ доста вода на телото. Хидратацијата по интимните односи е задолжителна.Особено ако за време на односот сте чувствувале сувост во устата и/или вагината.

Дехидрираноста влијае на организмот и целото тело, па штом завршите со забавата во кревет, веднаш посегнете по 1-2 чаши вода.

Oсвен што водата ќе ве хидрира, ќе ви помогне и да се ослободите од бактериите во вашиот уринарен тракт.

5-raboti-na-koi-ne-smee-da-zaboravite-posle-seksot-7.jpg

6. Да консумирате храна богата со пробиотици

Јогуртот, комбухата и останатите ферментирани продукти, изобилуваат со пробиотици кои се полезни за гениталиите, но и целокупниот организам.  

Навиката да ужинате ваква храна после сексот, ќе ви ги надополни добрите бактерии во телото, а истовремено ќе го намали ризикот од габични инфекции.

5-raboti-na-koi-ne-smee-da-zaboravite-posle-seksot-8.png

Бонус: Да се галите со партнерот

Истражувањата покажуваат дека љубовните двојки кои се милуваат и разменуваат нежности долго после сексот, следниот пат ќе уживаат уште повеќе во водењето љубов.

Причината е окситоцинот или ткн. „хормон на љубовта“, кој се излачува после интимните односи, а воедно е заслужен и за доброто расположение на љубовниците.

5-raboti-na-koi-ne-smee-da-zaboravite-posle-seksot-9.jpg

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg