Ситуации во кои не е паметно да пиете вода

Не постои нутриционист или истражувања кои потврдуваат дека водата е штетна сама по себе, но сепак тајмингот во овој случај значи многу.

situacii-vo-koi-ne-e-pametno-da-piete-voda-2-2-01.jpg

Несоодветната апсорпција на водата во телото може да предизвика повеќе здравствени проблеми отколку што можете да претпоставите.

Во кои ситуации не е препорачливо да пиете вода?

1. Веднаш пред да си легнете да спиете

Ова може да предизвика нарушување на сонот заради честа потреба за одење во толает. Исто така, можно е и да се разбудите со подуено лице бидејќи навечер работата на бубрезите е забавена.

situacii-vo-koi-ne-e-pametno-da-piete-voda-02.jpg

2. Среде напорен тренинг

Доколку пиете вода среде напорниот тренинг, не се чудете ако почувствувате вртоглавици, лошење и болка во главата. Најдобро е внесот на течност да го оставите по завршувањето на тренингот.

situacii-vo-koi-ne-e-pametno-da-piete-voda-03.jpg

3. Доколку урината ви е проѕирна

Проѕирната урина е знак дека сте претерале со внесувањето на течности, односно вода во текот на денот.

situacii-vo-koi-ne-e-pametno-da-piete-voda-04.jpg

4. Доколку јадете лута храна

Водата само ќе го појача лутиот вкус. Од друга страна, млекото го ублажува дразнењето на устата предизвикано од лутите зачини и сосови.

situacii-vo-koi-ne-e-pametno-da-piete-voda-05.jpg

5. Во текот на јадењето или веднаш по завршувањето

Доколку консумирате вода во текот на оброкот или веднаш по завршувањето, ја разредувате плунката која има за цел полесно да ја свари храната.

situacii-vo-koi-ne-e-pametno-da-piete-voda-06.jpg

6. Доколку водата доаѓа директно од црево

Дури и да се работи за домашно црево, водата од него е далеку повалкана.

situacii-vo-koi-ne-e-pametno-da-piete-voda-07.jpg

Прочитајте што се случува во телото доколку претерате со пиењето на вода.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg