4 фази во месецот на жените - Што да јадете во секоја за полесно да забремените?

Сета природа околу нас се движи во циклуси. Годишните времиња имаат циклус што го следат: пролет, лето, есен зима. Месечината исто така брои циклуси започнувајќи од млада до полна месечина, и потоа повторно назад кон младата месечина.

zenite-pominuvaat-niz-4-fazi-vo-mesecot-sto-da-jadete-vo-sekoja-za-polesno-da-zabremenite-001.jpg

Како жени, имаме многу циклуси во нашето битие – започнувајќи од циклуси на спиење и срцеви циклуси, па сè до менструални циклуси.

Во секој месечен циклус како жена која редовно добива мензис, вашето тело ќе помине низ четири различни фази.

Како што е важно да го негувате своето тело поинаку во различните сезони во текот на годината, подеднакво важно е да го поддржите менструалниот циклус во текот на секоја фаза.

Кога го поддржуваме нашиот циклус низ сите негови фази, се грижиме за нашето тело и му даваме љубов и внимание додека создаваме хормонална рамнотежа во организмот.

Урамнотежените хормони не само што ќе помогнат да се зголеми плодноста и да се намалат мачните предменструални симптомите, туку, исто така, ќе го зголемат целокупното здравје, бидејќи нашите тела се подготвуваат за репродукција кога функционираме оптимално.

Поддршката за секоја фаза од циклусот започнува со храната што ја внесуваме, физичките активности, како и употребата на природни хербални лекови за поддршка, ребаланс и враќање на телото во нормала.

Кои се четирите фази низ кои поминува секоја жена за време на месечниот циклус?

Фаза 1 – Менструална фаза

Оваа фаза започнува на првиот ден од циклусот или првиот ден кога ќе почнете да крвавите. Типично, оваа фаза трае помеѓу 3-7 дена кај здравите индивидуи. Бидејќи фокусот на оваа фаза е да се расчисти изложувањето на крв надвор од телото, важно е да го поддржите вашето тело преку овој процес на елиминација. Може да се почувствувате повеќе уморни од вообичаеното и да имате желби за јадење одредени продукти, како црвено месо или чоколадо.

Вашето тело „ви зборува“ преку овие типови желби и бара храна богата со железо и магнезиум. Ако сте некој кој страда од предменструален синдром или болни менструации, идеално би било да започнете со консумирање на семиња уште од првиот ден на вашиот менструален период.

Исхраната збогатена со семиња е едноставен систем преку кој консумирате различни семки во различни периоди од месецот и му давате поддршка на ендокриниот систем со цел балансирање на хормоните.

Што треба да јадете и пиете во менструалната фаза?

Изедете 1 лажица свежо сомелено ленено семе или семе од тиква еднаш дневно уште од првиот ден од циклусот до 14-тиот ден.

Ова ќе го спречи производството на вишок естроген и ќе ги подобри нивоата на прогестерон, а истовремено ќе го зголемите внесот на омега-3 масните киселини.

На 15-тиот ден (лутеинската фаза) преминете на 1 лажица дневно семки од сончоглед или сусам до крајот на вашиот циклус. Сусамот ќе го блокира вишокот естроген додека семките од сончоглед го поткрепуваат црниот дроб во процесот на детоксикација.

(Внимавајте да употребувате органски, сурови, свежо сомелени семиња).

Темни лисести зеленчуци, ореви и семиња, банани и темно чоколадо со висок процент на какао, авокадо, речни риби, семки од коноп и многу чиста вода за пиење.

За намалување на грчевите:

Елиминирајте го кафето, односно вишокот на кофеин во овој период од месецот, доколку сте од оние чии грчеви имаат тенденција да бидат агресивни пред и за време на циклусот.

Пијте многу билни чаеви, особено чај од црвен лист од малина и коприва кои ќе ви помогнат со грчевите и пронајдете природен начин со кој ќе го надополните железото во телото.

Магнезиумот и витаминот Б ќе ги намалат менструалните симптоми. Пред спиење напијте се шолја чај од камилица со лимон. Уживајте во тишина во која ќе се исклучите од светот и интернетот, читајте некоја книга и практикувајте длабоки вежби за дишење или медитација за опуштање.

Што се однесува до движењето, избегнувајте тешка физичка работа или вежби во текот на овој период.

Фокусирајте се повеќе на прошетки, и имајте предвид дека телото работи понапорно, што предизвикува замор, па осигурајте се да отспиете малку повеќе - околу 8-9 часа ноќен сон.

Масажата пред почетокот на циклусот ќе ве опушти и ќе ви ја подобри циркулацијата.

Фаза 2: Фоликуларна фаза

Втората фаза започнува веднаш по прекинувањето на крвавењето. Ова е периодот кога нивоата на естроген и тестостерон се зголемуваат, кога се задебелува ендометриумот на матката и зрелоста на јајце-клетките.

Во ова време од месецот важно е да бидете сигурни дека правилно го храните вашето тело, за соодветно созревање на јајцето и обновата на ѕидовите на матката.

Што треба да јадете и пиете во фоликуларната фаза?

Храна богата со протеини и здрави масти. Одберете коренест зеленчук, овес, киноа, просо, леќа, лосос, јајца, ореви и семиња и школки, бидејќи имаат различни минерали и витамини за да го потхранат телото.

Консумирајте и авокадо и кокосово масло, и избегнувајте храна која нема драстично да го зголеми шеќерот во крвта. Заменете ги едноставните јаглени хидрати со сложени јаглехидрати со цел и внимавајте да имате редовни оброци без прескокнување. Пијте многу вода и во оваа фаза и чај од коприва за обновување на телото.

Енергијата ќе ви биде на врвот, па ако планирате какви било енергични активности или вежбање, ова е вистинската фаза да ги реализирате. Ова е воедно совршено време за креативни проекти и отпочнување нови активности.

Фаза 3: Овулациска фаза

Оваа фаза обично се јавува околу средината на циклусот, вообичаено околу 14-тиот ден за повеќето жени, или на 16-тиот ден за жените со 32-дневен, наместо 28-дневен циклус.

Оваа фаза трае само една недела додека јајце-клетката се ослободува од јајниците и патува до матката.

За време на овулацијата, може да се чувствувате потопло од вообичаеното, бидејќи телесната температура се зголемува за 5 степени.

Ако се обидувате да забремените - ова е совршеното време!

Ако не сакате да забремените, внимавајте да се заштитите во текот на оваа фаза.

Веднаш после 14-тиот ден, исто така може да забележите ненадеен, привремен пад во вашето расположение, бидејќи високиот естроген се намалува, а прогестеронот сè уште не започнал да се ослободува.

Што треба да јадете и пиете во овулациската фаза?

Киноа, многу зеленчук, ориз, ладна вода и риба.

Важно е да не ја спуштите температурата на телото премногу, па затоа избегнувајте целосно сурови оброци, односно консумирајте мешавина од варена и сурова храна.

Избегнувајте претешка и премрсна храна, бидејќи овој тип на храна може да направи да се почувствувате малку летаргично.

Обидете се да консумирате корен од мака неколку дена пред овулацијата и неколку дена по балансирањето на хормоните. Маката ќе ви помогне да го активирате и зајакнете либидото во оваа најактивна фаза за забременување.

Редовно мерете ја базалната температура на телото со цел полесно да го издвоите денот кога најмногу овулирате.

Јајце-клетката се ослободува и патува по фалопиевите цевки па може да се почувствувате малку вкочането или болно околу колковите, во долниот дел на стомакот или долниот дел на грбот. Обидете се да го опуштите телото со седење крснозе, односно широко отворање на колковите

Ова е време создадено за дружба со пријателите или романтични состаноци. Масажата и акупунктурата, исто така, можат да помогнат во ублажување на вкочанетоста или болката во телото.

Cetirite-fazi-vo-mesecot-niz-koi-pominuva-sekoja-zena-02.jpg

Фаза 4: Лутеинска фаза

Оваа фаза започнува околу една недела по овулацијата и продолжува до крајот на циклусот, односно денот кога ќе почнете повторно да крвавите.

Ѕидовите на матката ќе продолжат да се задебелуваат, повеќе крв ќе тече во областа за да создаде топлина и да ги донесе многу потребните хранливи материи.

Што треба да јадете и пиете во лутеинската фаза?

Важно е да се зголеми внесот на протеини и здрави масти, како и храна која ќе го затопли телото кое се подготвува да го заокружи месечниот циклус.

Консумирајте кафеав ориз, коренест зеленчук, лосос, грав, авокадо, ѓумбир, куркума и кари.

Како и секогаш пијте многу вода и избегнувајте алкохол и кофеин во текот на оваа фаза, бидејќи овие напитоци ќе ги интензивираат симптомите на ПМС и ќе го „исцедат“ телото на многу потребните хранливи материи за претстојната фаза на крвавење.

Започнете со пиете на билни чаеви како оние од лист на малина доколку имате грчеви пред или за време на вашиот циклус, а особено полезен е и чајот од глуварче.

Во оваа фаза се поттикнува вежбањето со цел да помогне во воспоставување рамнотежа на расположението и хормоните. Само не претерувајте со премногу напорни вежби кои ќе го осиромашат и исцрпат телото од хранливи материи и енергија.

Природно ќе забележите дека вашето тело сака да одмори и може да се почувствувате малку интровертно, односно позатворени во себе.

Важно е да ги слушате сите сигнали кои ви ги упатува телото, да се опуштите и да уживате во процесот на забременување.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg