Дневната доза куркума со топла вода ќе ви ги реши сите здравствени проблеми
Куркумата, уште позната како златен зачин, е еден од најмоќните природни лекови поради куркуминот што го содржи во себе.
Кога е обработена во прав има топол и по малку горчлив вкус кој потсетува на црн пипер со арома на сенф.
Покрај тоа што им дава необично убав вкус и свежина на јадењата, куркумата има неверојатно позитивни дејствија врз човековиот организам, во смисла на силните антибактериски, антивирусни и антиканцерогени својства.
Доколку сте во потрага по природен лек кој содржи низа витамини, минерали, фолна киселина како и растителни влакна, вашата потрага може да заврши тука.
Куркумата е особено ефикасна кога се консумира наутро на празен стомак, во чаша зовриена вода.
Подгответе го овој напиток, консумирајте го неколку последователни седмици и бидете сведок на сопствената трансформација и подобрувањето на личното здравје.
Што ви е потребно?
- Половина лажичка куркума во прав
- 1 лажица топла вода
- 1 лажичка путер
- Прстофат црн бибер
Додадете ја куркумата во топлата вода и добро измешајте. Додадете путер и повторно промешајте, додека не направите изедначена паста. Биберот се додава на крајот, а неговата намена е куркумата полесно да се апсорбира во организмот.
На оваа смеса додадете топла вода, промешајте и испијте го напиткот на гладно.
Што ќе му се случи на вашето тело со секојдневното консумирање куркума?
1. Ќе го исчисти замастувањето на црниот дроб на природен начин.
2. Ќе ги ублажи ревматичните и болките кај артритисот.
3. Ќе го изрегулира нивото на шеќер во крвта, односно ја контролира глукозата, особено полезно кај дијабетичарите.
4. Ќе го регулира нивото на лошиот холестерол во организмот.
5. Ќе ја подобри дигестијата, односно варењето на храната којашто ја внесувате.
6. Ќе ви го зајакне имунитетот. Куркумата е позната по својата антивоспалителни и антигабични агенси, што значи дека со нејзина редовна консумација помали се шансите да настинете. Сепак, дури и да се случи тоа, веднаш ќе се почувствувате полесно и подобро доколку ја земете вашата дневна доза куркума.
7. Ќе ви помогне во симнувањето на вишокот килограми, односно ќе ја нормализира вашата телесна тежина.
8. Ќе ви ја подобри циркулацијата на крвта.
9. Ќе помогне во процесот на заздравување на раните и ќе направи вашата кожа да изгледа нахрането, сјајно и здраво.
10. Ќе ви помогне во превенцијата и борбата против клетките на туморот, како Т-клетките кај леукемијата, канцерот на мозокот, градите и дебелото црево, поради своите активни заштитнички компоненти во составот.
*Сепак, бидете внимателни, особено оние кои имате какви било опструкции со бубрезите, жолчното ќесе или жолчката. Пред консумирање на златниот зачин, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.
(О)Милена | Црнобело