Како да ги избегнете болките и грчевите во стомакот за време на оние денови?

Жените имаат многу заеднички работи, како што се маките со кои најчесто се соочуваат, а најболната и најмачната е болката и грчевите за време на менструацијата.

kako-da-gi-izbegnete-bolkite-i-grchevite-vo-stomakot-za-vreme-na-onie-denovi-01.jpg

Тешко може да се најде жена која не го искусила ова, а доколку постои, веројатно таа е најсреќната!

Сигурно многумина посакале барем еднаш да се сменат со мажите за да не мора да поминуваат низ овие тешки денови или барем да најдат начин да ја намалат ужасната болка.

Како и за многу други работи, така и за ова, постојат решенија кои ќе ви помогнат барем малку да ја ублажите болката и грчевите за време на оние денови:

Топли облоги

Научник од Лондонскиот универзитет докажал дека температура од 40⁰С помага да се ослободите од грчевите за време на менструација, кои се предизвикани од намален проток на крв во органите.

Интересно е тоа што топлината влијае исто како и лековите, ги блокира рецепторите за болка, па затоа земете шише со топла вода или друга топла облога и ставете ја на стомакот.

kako-da-gi-izbegnete-bolkite-i-grchevite-vo-stomakot-za-vreme-na-onie-denovi-02.jpg

Масирајте го стомакот со есенцијални масла

Истражувањата докажуваат дека масажата со есенцијални масла ослободува од оваа болка кај жените. Неколку техники за масажа во оние денови:

  • Ставете ги дланките на средина на стомакот и правете големи кружни движења, нежно притискајќи. Повторете 30 пати.
  • Тријте го нежно долниот дел на стомакот со двете дланки околу 30 пати.
  • Нежно притискајте го стомакот со долниот дел на дланката 30 секунди.

Пијте чај од билки

Хербалниот чај има лековити својства и ја намалува болката за време на менструацијата, а според научниците, чајот од камилица има најдобар ефект – ги ублажува мускулните грчеви, со што се релаксира матката.

kako-da-gi-izbegnete-bolkite-i-grchevite-vo-stomakot-za-vreme-na-onie-denovi-03.jpg

Добар сон

Како што веќе сите добро знаеме, сонот е од клучно значење за добро здравје, но заспивањето за време на овие тешки денови може да биде вистински предизвик.

Па, за полесно да заспиете, експертите препорачуваат да лежите во позиција на фетус, бидејќи така се релаксираат мускулите околу стомакот и се намалува болката.

kako-da-gi-izbegnete-bolkite-i-grchevite-vo-stomakot-za-vreme-na-onie-denovi-04.jpeg

Хидратација

Можеби звучи чудно, но и пиењето вода спречува задржување течности во телото и ова ќе во помогне да избегнете дуење. За ефектот да биде подобар, пијте топла вода наместо ладна.

Ако не сте фан на пиење вода во големи количини, барем јадете повеќе овошје и зеленчук, бидејќи и тие се богати со вода.

kako-da-gi-izbegnete-bolkite-i-grchevite-vo-stomakot-za-vreme-na-onie-denovi-05.jpg

Јадете зачини и билки

Според истражувањата, зачините се покажале како многу корисни за справување со болката во оние денови.

На пример, семето од анасон помага многу при грчевите и делува исто како и лековите, со што ќе се ослободите од болката за еден час, но внимавајте да не го консумирате пред спиење, бидејќи предизвикува поголемо крварење.

Ѓумбирот пак, го намалува крварењето и го подобрува расположението, а циметот ја намалува болката и помага при ослободување од гадењето.

Витамини и минерали

Друг начин да се ослободите од менструалните болки и грчеви се витамините и минералите. Експертите препорачуваат калциум (брокула, бадеми, јогурт, млеко), витамин Д, омега 3 масни киселини, како рибино масло, магнезиум и витамин Е.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Симптоми на цисти во јајници кои се знак дека треба да одите на гинеколог Болка во стомакот кога немате менструација, но и болен сексуален однос – Кои се ...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
3 масажи кои можат да ги намалат менструалните болки Масажата на стомакот ги релаксира мускулите и ја намалува напнатоста. Исто така,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg