3 масажи кои можат да ги намалат менструалните болки

Масажата на стомакот ги релаксира мускулите и ја намалува напнатоста. Исто така, ја зголемува циркулацијата на крвта во тој предел, при што се намалуваат болката и непријатноста.

vidovi-masazhi-koi-mozhe-da-vi-pomognat-da-gi-namalite-menstrualnite-grchevi-i-bolki-01.jpg

За многу жени, менструацијата може да донесе не само непријатност при крвавењето, туку и интензивни грчеви и болка.

Додека некои лекови против болки може да помогнат при ублажување на непријатностите, некои луѓе се одлучуваат за масажи, како поприроден начин за справување со менструалните грчеви и болки.

Што се менструалните грчеви?

Менструалните грчеви поради контракциите на матката за време на менструација. Интензитетот на грчевите може да варира од личност до личност, но во некои случаи тие може да бидат доста тешки и исцрпувачки.

Болката од менструалните грчеви може да варира, од блага до тешка, и може да трае од неколку часа до неколку дена.

Најчесто се чувствува во долниот дел на стомакот и може да биде придружена со гадење, болки во грбот, главоболки и замор.

Менструалните грчеви може да предизвикаат и чувство на надуеност, а во некои случаи може да бидат придружени со дијареја или констипација.

vidovi-masazhi-koi-mozhe-da-vi-pomognat-da-gi-namalite-menstrualnite-grchevi-i-bolki-02.jpg

Видови масажи кои ќе ви помогнат за намалување на менструалните грчеви и болки

Масажа со масло

Оваа масажа вклучува употреба на топло масло на пределот на стомакот и долниот дел на грбот. Масажата помага да се релаксираат мускулите и да се намали напнатоста во телото. Исто така, ја зголемува циркулацијата на крвта во тој предел, при што се намалува болката и непријатноста.

Масажата најчесто се прави со топли масла, како бадемово, кокосово или масло од јојоба. Тоа треба нежно да се нанесе на местото и да се масира со кружни движења.

Важно е да бидете нежни и да не притискате многу силно за да не си предизвикате поголема болка.

Масажата треба да се прави најмалку 10 минути и може да се повторува неколку пати на ден. Покрај болката, со масажата ќе го намалите и стресот и анксиозноста поврзани со ПМС.

vidovi-masazhi-koi-mozhe-da-vi-pomognat-da-gi-namalite-menstrualnite-grchevi-i-bolki-04.jpg

Масажа со притискање

Овој вид масажа вклучува примена на притисок на абдоминалната област и тоа со раце, прсти или алатки за масажа.

Овој притисок помага да се намалат грчевите и да се релаксираат напнатите мускули.

Исто така, познато е дека ваквиот вид масажа ја подобрува циркулацијата и го намалува воспалението.

vidovi-masazhi-koi-mozhe-da-vi-pomognat-da-gi-namalite-menstrualnite-grchevi-i-bolki-03.jpg

Шиатцу масажа

Шиатцу масажата се користи уште многу одамна, и тоа за ослободување од различни заболувања, вклучувајќи и менструални грчеви и болки.

Шиатцу масажата се заснова на принципите на традиционалната кинеска медицина и се изведува со рацете и дланките.

Личноста која ја изведува масажата врши притисок на одредени точки на телото, познати како точки на акупресура, за да ги стимулира природните исцелувачки способности на телото.

Оваа масажа е ефикасен начин за ублажување на менструалните грчеви и болки, бидејќи помага да се релаксираат мускулите, да се подобри циркулацијата и да се намали воспалението.

Притисокот кој се изведува при оваа масажа најчесто е нежен и ритмички и се применува со кружни или нагоре-надолу движења.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg