Секој десетти Македонец боледува од дијабетес

14.11.2017, Скопје – Околу 200.000 илјади граѓани на Македонија боледуваат од подмолната болест дијабетес која директно предизвикува сериозни проблеми со видот, аларамираат од Специјалната очна болница „Деница“ од Скопје по повод Светскиот ден на дијабетесот.

sekoj-deseti-makedonec-boleduva-od-dijabetes-001.jpg

И овој 14-ти ноември, Светот го обележува денот на дијабетесот преку глобална кампања, промовирана од Светската здравствена организација (СЗО) за да се зајакне свесноста на граѓаните за потребата од засилена грижа за превенција на оваа болест.

Според светската статистика, оваа болест последните години доживува рапиден раст и од неа боледуваат околу 450 милиони луѓе во светот.

Доктор Наум Трпеноски од Специјалната очна болница Деница советува сите лица што страдаат од дијабетес да направат навремена контрола на видот. Видот е еден од позначајните здравствени аспекти кој страда како последица токму на оваа болест. 

Многу лица со дијабетес имаат проблеми со видот. Нарушувањата на видот почесто се јавуваат кај долгогодишните дијабетичари и кај оние пациенти кај кои регулацијата на шеќерот во крвта е несоодветна. Токму поради овие причини, за лицата со дијабетес многу е важно да не ги занемаруваат проблемите со видот и редовно да одат на прегледи кај офталмолог. Најчестите промени кај дијабетесот се јавуваат на крвните садови на мрежницата на окото и на очната леќа.

Забележано е дека кај дијабетичарите лесно и често се развиваат и промени на очната леќа во смисла на катаракта.

„Важно е да се знае дека, во денешно време, со помош на напредните методи на дијагностика и лечење, сосема мал процент луѓе заболени од дијабетска ретинопатија има сериозни проблеми со видот. Правовременото откривање на дијабетската ретионпатија е најдобриот начин за да се спречи губитокот на видот“, вели др.Трпеноски.

Дијабетесот е болест на организмот која се јавува кога човечкиот организам не успева правилно да го користи и да го складира шеќерот, што резултира со оштетувања на крвните садови во мрежницата на окото, но и со други оштетувања.

Диајбетската ретинопатија настанува кога поради зголемена концентрација на глукоза во крвта доаѓа до оштетување на малите крвни садови во мрежницата на окото (ретината). Болеста е погресивна и поминува низ неколку стадиуми.

Би можело да ве интересира:

Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg