6 намирници кои го одржуваат здравјето на очите

Огромен број на луѓе низ светот имаат некој вид на проблем со очите, како последица на стареење или пак генетски наследно.

6-namirnici-koi-go-odrzhuvaat-zdravjeto-na-ochite-01.jpg

Здравјето на очите треба да се чува и одржува, па според истражувањата, докажано е дека некои намирници богати со одредени состојки може да помогнат и да го намалат ризикот од очни болести.

Дел од состојките се лутеин, зеаксантин, бета каротен, витамин Ц и Е, цинк, омега 3 и уште многу други.

Погледнете кои се намирниците кои ги содржат овие состојки и консумирајте ги почесто:

Кељ

Богат е со витамини и антиоксиданси кои се борат против ракот, а исто така е и одличен извор на бета каротен и содржи лутеин и зеаксантин. Консумирајте го кељот како салата или прилог, а можете да го вметнете и во вашето смути.

Пченка

Не само што пченката е вкусна, туку е и многу здрава. Со подолго варење на пченката се зголемува нивото на лутеин и антиоксиданси. Можете да ја користите како додаток на различни јадења или да ја јадете посебно.

Спанаќ

100 грама спанаќ содржат околу 20.4 милиграми лутеин и заексантин. Направете си вкусна манџа од спанаќ или додадете ја во сендвич, салата или пециво. Исто така може да биде и како додаток во здраво смути.

Брокула

Овој зеленчук е богат со витамин Ц и исто така содржи бета каротен кој е многу важен за здравјето на очите. Зготвената брокула додадете ја во омлет, пита, тестенини или во кое било друго јадење со кое ви одговара.

Јајца

Еден од најдобрите начини да го започнете појадокот е оброк со јајца кои ни даваат многу лутеин, витамин Е и омега 3 масти. Во зависност од квалитетот на јајцето, количината на здрави состојки се зголемува или намалува.

Портокал

Вкусно цитрусно овошје богато со витамин Ц кое помага во унапредувањето на здравјето на очите. Витаминот Ц помага во регенерирање на ткивото, а останатите состојки од портокалот како што се антиоксидансите и витаминот Е, го намалуваат влијанието на различни воспаленија.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg