Морален компас во мозокот?
Научниците го открија “моралниот компас” во мозокот за кој се смета дека е делот кој го проценува начинот на однесување на другата личност. Делот...
...во кој се наоѓа овој центар е во десното уво, се активира кога размислуваме за грешките или за добрите дела на другите луѓе, изјавува радио Дојче Веле.
Така истражувачите успеаа со магнетни бранови на моменти да го “исклучат” моралниот компас кај некои луѓе, што ги спречило да ги препознаваат добрите постапки од лошите.
Лидерот на проектот, д-р Лиан Јанг, кажува дека е можно со магнетни полиња да се промени перцепцијата на човековите постапки.
Експериментот се одвивал на тој начин што 12 волонтери добиле по 192 мини сценарија и нивната задача била да се оцени однесувањето на јунакот во сценаријата на скала од 1 до 10, при што 1- неприфатливо однесување, 10 - сосема прифатливо однесување.
Истите сценарија подоцна им се поделиле повторно за време на изложениост на магнетно поле. Одговорите во двете ситуации целосно се разликувале.
Ова не е прв пат научниците научниците да најдат центри во мозокот задолжени за така наречени работи поврзани со воспитувањето.
Така американските научници со години тврдат дека ја имаат пронајдено “Божјата точка”, односно дел од мозокот што реагира на религиски убедувања и чувства.