Кои минерали му се потребни на нашето тело и во која храна ги има?

Повеќето минерали можат да се најдат во нашето тело и секој од нив има важна улога.

koi-minerali-mu-se-potrebni-na-nashite-telo-i-vo-koja-hrana-gi-ima-01.jpg

На пример, тие влијаат на работата на витамините, потребни ни се за формирање на ензими, хормони, хемоглобин итн.

Многу здравствени проблеми се појавуваат поради недостаток на одредени минерали во нашето тело, па за да не ви се случува тоа прочитајте кои минерали ви се потребни, зошто и во која храна може да ги најдете.

Оваа листа е погодна и за вегетеријанци.

1. Калциум

Овој неопходен минерал е одговорен за коските, за здравите заби, правилна функција на мускулите, нервниот систем и срцето. Кога имаме недостаток од него, нашите коски стануваат слаби, а зглобовите отекуваат.

Калциумот го има во зелениот зеленчук, мангото, бадемите, оревите, карфиолот, зелката, морковот, семки од сончоглед и др.

koi-minerali-mu-se-potrebni-na-nashite-telo-i-vo-koja-hrana-gi-ima02.jpg

2. Магнезиум

Магнезиумот осигурува ефективно функционирање на нервите и мускулите. Одговорен е шеќерот во крвта да го претвори во енергија и да му помогне на нашето тело со согорување на мастите. Исто така, има и анти-стресно влијание.

Кога телото има недостаток на магнезиум, има можности за дехидрација, грчеви во мускулите, губење на апетит и нарушување на спиењето. Може да се најде во целите зрна пченица, бадеми, семки, темно зелени зеленчуци, компир, банана, суво овошје и други.

koi-minerali-mu-se-potrebni-na-nashite-telo-i-vo-koja-hrana-gi-ima03.jpg

3. Калиум

Овој важен минерал одржува соодветен баланс помеѓу течностите и електролитите во телото. Калиумот исто така го регулира срцевиот притисок.

Знаци кои покажуваат дека имате недостаток од него може да бидат здебелување и зголемен крвен притисок. Дел од храната која го содржи: грашок, зеленчук со зелени листови, компир, суви кајсии, авокадо, печурки, банана, диња, домати, тиква и праски.

koi-minerali-mu-se-potrebni-na-nashite-telo-i-vo-koja-hrana-gi-ima04.jpg

4. Фосфор

Фосфорот е задолжен за силни заби, коски, мускули и нервни импулси. Исто така е многу важен за правилна функција на срцето и бубрезите.

Ако патите од недостаток на овој минерал, тоа може да предизвика губење на сила генерално во телото, болка во зглобовите, коските и мускулите. Може да го најдете во цели зрна житарици, зеленчук, овошје, лешници и други семки.

koi-minerali-mu-se-potrebni-na-nashite-telo-i-vo-koja-hrana-gi-ima05.jpg

5. Јод

Две третини од јодот се лоцирани во тироидната жлезда, каде се регулира нејзиното функционирање. Помага во согорување на маснотии, стимулира растење, циркулација и ментално функционирање. Покрај ова, јодот ги одржува здрави забите, ноктите, косата и кожата.

Кога телото има недостаток од овој минерал, тежината му се зголемува и губи енергија, а постои можност и за инсомниа.

Житарици, домати, јагоди и боровинки се само дел од храната кои содржат јод. Вообичаено, јодот е додаден во солта која ја користиме.

koi-minerali-mu-se-potrebni-na-nashite-telo-i-vo-koja-hrana-gi-ima06.jpg

6. Железо

Железото е многу важен елемент, бидејќи му е неопходен на телото за крвта. Поголемиот дел од железото во телото се наоѓа во хемоглобинот, а неговиот недостаток може да доведе до анемија, губење на косата, бледа и груба кожа, проблеми со концентрација и уште многу други проблеми кои може да се појават.

Можете да го внесувате преку суво грозје, боровинки, кајсии, цреши, капини, банани, спанаќ, брокула, грашок, ореви, семки и други зелени зеленчуци и мешунки.

koi-minerali-mu-se-potrebni-na-nashite-telo-i-vo-koja-hrana-gi-ima07.jpg

7. Цинк

Цинкот е одговорен за повеќе од 300 хемиски реакции во нашиот мозок. Кога не го консумираме доволно, на ноктите може да се појават бели дамки. А, за да го спречите неговиот недостаток, јадете семки од тиква, спанаќ, печурки и грашок.

koi-minerali-mu-se-potrebni-na-nashite-telo-i-vo-koja-hrana-gi-ima08.jpg

8. Селен

Тој игра улога во имунолошкиот систем и функцијата на тироидата. Доколку не јадете месо, препорачливо е да консумирате бразилски ореви, еднаш неделно, бидејќи тие се најдобар извор на селен, но немојте да претерате.

Претерано консумирање на бразилски ореви може да предизвика негативни ефекти, а освен во нив, селенот го има и во оревот и зрна од житарици.

koi-minerali-mu-se-potrebni-na-nashite-telo-i-vo-koja-hrana-gi-ima09.jpg

9. Хром

Овој минерал има важна улога за метаболизмот и јаглехидратите. Какао зрната се богати со него, но веројатно ќе биде доволно и само ако јадете повеќе зеленчуци и консумирате билки.

koi-minerali-mu-se-potrebni-na-nashite-telo-i-vo-koja-hrana-gi-ima10.jpg

10. Флуор

Тој ги зајакнува коските и ги заштитува забите од распаѓање. Недостатокот од него може да предизвика слаб вид, искривување на ‘рбетот и можности за инфекции. Но, може да се појават проблеми и ако претерано се консумира.

Може да го најдете во аспарагус, авокадо, кисели краставички, цвекло, сливи, зелка, морков, краставица, семки од сончоглед, лук, спанаќ и домати.

koi-minerali-mu-se-potrebni-na-nashite-telo-i-vo-koja-hrana-gi-ima11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg