Како изгледа жената која 28 години не консумирала шеќер? (фото)

Керолин Хартс има бикини тело и младолик изглед за кои многу помлади жени од неа сонуваат.

zena-koja-pred-28-godini-se-otkazala-od-shekjerot-nikogash-ne-bi-pomislile-deka-ima-70-01.jpg

Мајката на 3 деца од Перт, се откажала од шеќерот пред 28 години и изгледа неверојатно добро.

„Многу жени се убедени дека после 50 години тешко е да се одржува добра форма и тежина“ - Хартс, ја започнува својата приказна.

zena-koja-pred-28-godini-se-otkazala-od-shekjerot-nikogash-ne-bi-pomislile-deka-ima-70-1.jpg

„Дури и оние на 40 се убедени дека после породувањето е невозможно да изгледаш добро“ - додава.

Но, Хартс со своите 70 години е пример дека тоа е возможно.

zena-koja-pred-28-godini-se-otkazala-od-shekjerot-nikogash-ne-bi-pomislile-deka-ima-70-2.jpg

„Како старееме, метаболизмот ни забавува и тоа значи дека треба повеќе да ги контролираме работите, односно да правиме поздрави избори, а посебно важно е да внимаваме на храната која ја внесуваме“ - вели таа.

Токму затоа, таа пред 28 години комплетно се откажала од шеќерот и никој не би претпоставил дека има 70 години.

Еве како изгледа нејзината секојдневна рутина:

1. Вежба благодарност (бара барем 3 работи за кои е благодарна тоа утро)

2. Медитација

3. Јога

4. Прошетка со кучето

5. Туширање и појадок

6. Работа од 09:30 до 18:30

7. Вечера со сопругот (обожаваме и најчесто гледаме филмови)

8. Викендите се време кога комплетно се посветува на семејството и пријателите

zena-koja-pred-28-godini-se-otkazala-od-shekjerot-nikogash-ne-bi-pomislile-deka-ima-704.jpg

Што јаде во текот на еден ден?

Појадок

Утрото ѝ започнува со банана или киви и шолја чај. Потоа јаде две јајца, варени или како кајгана со спанаќ, домати, лосос и парче леб без глутен.

Утринска ужина

Шолја чај со едно овошје и 10 до 12 бадеми или парче сирење и неколку оризови бисквити.

Ручек

Пилешко, авокадо, фета сирење и домати на оризови крекери или леб без глутен.

Попладневна ужина

Колаче без шеќер.

Вечера

Пилешко или риба најчесто, но понекогаш и црвено месо со салата од зелен зеленчук и сладок компир.

zena-koja-pred-28-godini-se-otkazala-od-shekjerot-nikogash-ne-bi-pomislile-deka-ima-70-3_copy.jpg

Совети плус:

- Се откажав од шеќерот пред 28 години, што беше тешко за мене, бидејќи бев зависна. Сега сите јадам десерти со засладувач, кокосово брашно наместо обично бело брашно и бадеми.

- Мислам дека е важно секој ден да имате во оброците свежи овошје и зеленчук и протеини. Протеините мислам дека се посебно важни за да се стабилизира нивото на шеќер во крвта.

- Не се откажувам од темно чоколадо и речиси секоја вечер каснувам по две коцки.

zena-koja-pred-28-godini-se-otkazala-od-shekjerot-nikogash-ne-bi-pomislile-deka-ima-70-5.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg