Производи кои мислиме дека се здрави, а не се
Да јадете 100% здраво речиси е невозможно. Дури и тогаш кога сте убедени дека купувате здрава храна, може да се случи истата да биде повеќе штетна околу што мислите.
7 производи кои се прикажуваат како здрави, а се далеку од тоа:
1. Чипс од овошје
Во чипсот има шеќери и засилувачи на вкус кои ги нема во овошјето, па најдобро е наместо чипс да јадете свежо овојшје.
2. Леб како чип или грицки
Постојат многу варијации на лебот кои се прикажуваат како здрави, а не се. Наместо вакви лажни здрави лебови, најдобро е да јадете галети од ориз.
3. Производи без глутен
Глутенот е опасен само за оние кои имаат интолеранција на оваа супстанца, па не е добро да го исфрлате од исхраната.
4. Сушени и зашеќерени овошја
Наместо зашеќерени овошја најдобро е да ги јадете оние кои се само сушени.
5. Конзервирани овошја и зеленчук
Наместо конзервирани, најдобро е да јадете свежи или замрзнати овошја и зеленчук, бидејќи тие првите содржат многу шеќери и адитиви.
6. Зеленчук полн со скроб
Компирите, пченката, тиквите содржат големи количини на скроб кои не се многу здрави и содржат големи количини на калории.
7. Житарици
Оние житарици кои се готови за 2 - 3 минути не се така здрави и содржат многу скриени шеќери. Заменети ги со житарици кои се готват подолго, но се поздрави.
Н. Г. | Црнобело