5 секојдневни навики кои ви ја зголемуваат тежината

И покрај тоа што не сте каснале сочен сендвич одамна, избегнувате пржено и практикувате физички активности, забележувате дека килограмите „не мрдаат“.

5-sekojdnevni-naviki-koi-vi-ja-zgolemuvaat-tezinata-1_resize_resize.jpg

Во тој случај, проверете да не имате некоја од овие 5 навики кои несвесно ве дебелеат:

1. Спиете премногу

Кога спиете малку, телото произведува поголеми количини на хормон на стрес, па како резултат на тоа имате зголемен апетит. Но, и претерувањето со пиење не е ништо подобро. Според многу истражувања, спиењето подолго од 10 часа, може да ги зголеми мастите во телото. Затоа се препорачува сон меѓу 7 и 9 часа.

5-sekojdnevni-naviki-koi-vi-ja-zgolemuvaat-tezinata-2_resize.jpg

2. Се будите во темница

Отворете ги ролетните пред да станете и да се подготвите. Истражувањата покажуваат дека светлото од утринското сонце го забрзува метаболизмот и му помага на телото да се разбуди.

5-sekojdnevni-naviki-koi-vi-ja-zgolemuvaat-tezinata-3_resize.jpg

3. Не си го местите креветот

Звучи чудно, но е вистина. Луѓето кои си ги местат креветите во глобала имаат подобар сон. А, подобриот сон е единствениот начин да живеете поздраво.

5-sekojdnevni-naviki-koi-vi-ja-zgolemuvaat-tezinata-4_resize.jpg

4. Заборавате да се измерите

Најдобро време да стапнете на вага е наутро, пред да каснете или да се напиете било што. Бидејќи навечер губите одредена количина вода, наутро мерењето може да биде мотивирачко.

5-sekojdnevni-naviki-koi-vi-ja-zgolemuvaat-tezinata-5_resize.jpg

5. Појадокот ви е скромен

Разгалете се со убав и обилен појадок. Балансираниот појадок би требало да содржи околу 600 калории и чисти протеини, јаглехидрати. Не се плашете да каснете и нешто слатко наутро.

5-sekojdnevni-naviki-koi-vi-ja-zgolemuvaat-tezinata-6_resize.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg