Необични совети за слабеење кои навистина делуваат
Не можете да ја контролирате вашата склоност кон храната, а ригорозните диети ви се мисловна именка? Вашата облека ви станува претесна!?
Не мора да се грижите повеќе бидејќи постојат трикови кои ќе ви помогнат да ослабите без да внимавате на храната.
Можеби ќе ви изгледаат необично, но испробано делуваат.
1. Пробајте диета со паста за заби
Ова не значи дека треба да ја јадете пастата за заби. Вкусот на ментол може да ви помогне да се придржувате до диетата. Ако не можете да ѝ одолеете на омилената храна, измијте ги забите со паста со вкус на ментол.
Тоа ќе му даде до знаење на мозокот дека сте завршиле со оброкот. Ако посакате да изедете уште некое залче ќе сфатите дека храната веќе не е вкусна доколку во устата го имате вкусот на ментол. Доколку не сте во можност да ги измиете забите, земете гума за џвакање со вкус на ментол.
2. Одбивна храна
Не можете да го испуштите приборот за јадење од раце иако сте веќе сити? Направете храната да ви делува одбивно. Изџвакајте го приборот за јадење и ставете го во чинијата. Не би продолжиле да јадете со измрсен прибор. Ставете на фрижидерот фотографија на која сте биле прилично дебели, како потсетник да внимавате на исхраната.
3. Темелно исчистете ја кујната
Доколку навистина сакате да се придржувате до диетите, исчистете ја целата кујна и фрижидерот од непотребните работи. Откако ќе се ослободите од грицките, обезбедете си здрава храна која ќе може да ви користи кога ќе огладните.
Купувајте свежо овошје и зеленчук секоја недела и секогаш имајте сушено овошје, ореви и други јаткасти плодови. Оставањето на лошата храна и нејзината замена за добра и свежа долгорочно ќе ви помогне при слабеењето.
4. Јадете колачи
Сакате да подготвувате колачи и веројатно тешко им одолевате на сите ваши десерти. Но, немојте да престанете со готвење поради тоа. Поголемиот дел од рецептите би можеле да се направат со здрави и помалку калорични состојки.
На пример, наместо цело јајце искористете ја само белката, или наместо бело брашно користете интегрално. За да смалите калоричноста на десертите наместо масло ставете сок од јаболко. Секоја лажица сок од јаболко ќе намали околу 100 калории и 14 грама масти. Најдоброто е што нема да забележите разлика.
5. Стиснете се во тесни панталони
Што прво правите кога облеката ќе ви стане претесна? Облекувате широка маица и панталони. Следниот пат кога ќе ги зголемите вашите килограми, стегнете се во вашата тесна облека. Тоа ќе ве потсети за време на ручекот што и колку треба да изедете. Наместо да ги откопчате панталоните после обилен ручек, стегнете го ременот пред да почнете со јадење.
6. Раскажете виц за да ги зацврстите стомачните мускули
Раскажувајте, слушајте и читајте вицови, па дури и ако не се смешни насмејте се. Тоа е добро за вашето срце и за стомачните мускули. Смеењето го продолжува животот и го подобрува протокот на крв, а лекарите препорачуваат најмалку 15 минути смеење дневно.
7. Со немир до добра линија
Сигурно сте се запрашале зошто некои луѓе не се здебелуваат иако многу јадат и не внимаваат на исхраната. Тоа е така зашто не можат да седат мирно. Постојаното движење го зголемува дневното трошење на калории и го спречува дебелеењето. Ви звучи предобро за да биде вистинито? Постојат докази за тоа.
Истражувачите го следеле дневното движење на 10 лица со нормална тежина и 10 лица со прекумерна тежина за да видат дали бројот на калории влијае што го трошат немирните луѓе влијае на нивната линија. Групата со прекумерна тежина во просек поминувала 2 часа повеќе во седење. Тогаш што чекате! Доколку седите, станете и не мирувајте додека не ослабете.
8. Купете нов сервис за јадење
Купете помали садови за јадење и ќе го намалите струкот. Порцијата со храна ќе ви изгледа мала доколку ја сервирате во голема чинија. Затоа купувајќи помали чинии ќе ги намалите и вашите порции. Ако не сакате да се ослободите од старите садови тогаш послужете ја храната во чинија за салата.
9. Вежбајте пред телевизор
Телевизорот може да ги промени важите планови за слабеење. Пропуштате прошетки со пријателите поради омилената серија? Ако гледањето телевизија ви е зависност поработете малку на тоа. Ако не сакате да ја пропуштите омилената емисија, за време на рекламите направете 10 склекови и 20 стомачни. За време на петте 5 минутни паузи во текот на емисијата ќе имате 25 минути за вежбање.
10. Пијте го најевтиниот пијалак
Водата е најздравиот пијалак, а воедно и најевтин. Притоа пиејќи ја ќе избегнете внесување на течните калории. 3,5 децилитри газиран сок содржат околу 150 калории. Чаша вино има околу 170 калории, а коктелите надминуваат 300 калории. Во споредба со нив водата има 0 калории. Доколку не ви се допаѓа обичната вода, слободно зачинете ја. Додајте неколку капки лимон за да ја освежите, или додајте малку екстракт од лимон.
М. С. | Црнобело