3 совети кои ќе ви помогнат да се разбудите свежи и полни со елан
Не постои ништо на светов што може да ви ја врати силата како добриот сон. Сепак, постојат многу фактори кои ваквата сатисфакција ја претвораат во привилегија наместо во редовно уживање.
Веројатно и вие сте од оние кои често се будат ненаспани и уморни, токму затоа обрнете внимание на условите во кои спиете.
Време е да сфатите дека удобното спиење не налага драстични промени.
Доколку сакате да се будите посвежи, обидете се да ги примените следниве неколку совети:
Време е за промена
Според експертите, просечен животен век на еден душек е отприлика 7 години. Доколку дома се будите со болки и чувствувате замор, а при само едно преспивање во хотел веќе сѐ е подобро, тоа значи дека е дојдено време за промена на душекот.
Наместо да се изложувате на трошоци и често да го менувате душекот, се препорачува редовно да го ротирате веќе постоечкиот.
За да го одржите квалитетот на вашиот душек внимавајте на тоа како го чистите. Хемикалиите може да го оштетат материјалот. Дамките третирајте ги со ладна вода или апарати на пареа.
Чисти чаршафи за длабок сон
Точно, тоа е докажано. Чистата постелнина ќе ви помогне поудобно да спиете. Свежината на испраните чаршафи и навлаки дополнително ќе ве опушти. Барем еденш неделно потопувајте ги вашите чаршафи во врела вода, тоа е добро за вашето здравје.
Да се разбереме, да имате чиста постелнина секоја вечер е невозможно. Затоа, обидете се барем двапати неделно да ја менувате постелнината.
Доколку и тоа е преголема обврска користете природен спреј на база на лаванда, мирисот ќе ве смири и ќе ви помогне полесно да заспиете.
Оправдување плус за да си купите нова постелнина
Кренете рака, ако и вие сте од оние кои сезонски ја менуваат својата постелнина. Да, ни ние не го правиме тоа!
Сепак, важно е да се знае дека во потоплите месеци мудро е да користиме памучни чаршафи и истите да бидат во посветла боја.
Добро отспиената ноќ не треба да претставува луксуз!
Полнењето на батериите е една од основните човекови потреби. Колку повеќе го почитувате тоа во текот на ноќта, толку попродуктивни ќе бидете во текот на денот.
С. У. | Црнобело