Овошја и зеленчуци кои ќе ви помогнат во борбата со предвременото стареење
Човековата исхрана содржи многу состојки кои се богати со антиоксиданси, кои се од огромно значење во борбата против несканите брчки и елиминирање на канцерогените клетки.
Додека многу состојки како чоколадото или пуканките ги ветуваат овие бенефиции, сепак најдобриот начин за да постигнете млад изглед се природните плодови.
На листата овошја и зеленчуци кои се најбогати со растителни влакна и антиоксиданси се следните:
1. Домати
Ликопенот кој го содржат доматите, е моќен антиоксиданс кој ги заробува слободните радикали, помага во борбата против канцерогените заболувања и го активира колагенот.
2. Кељ
Овој лисест зеленчук е богат со витамин К, кој делува благотворно на срцето и ја спречува остеопорозата. Содржи растителни влакна кои го намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол.
3. Модар патлиџан
Модриот патлиџан е богат со состојката насунин, која помага против ширењето на штетните и канцерогени клетки, која врзувајќи се со нив, ги спречува да дојдат до потребниот проток на крв за нивно ширење.
4. Црвена пиперка
Црвената пиперка содржи околу 60% повеќе витамин Ц (кој го поттикнува размножувањето на белите крвни зрнца, кои се борат против бактериите) од зелените пиперки. Исто така, добро познато е дејството на Ц витаминот врз намалување на брчките и активирање на колагенот.
5. Боровинки
Рутинот, клучната состојка на боровинките е моќен антиоксиданс, и го намалува ризикот од срцева болест и згрутчување на крвта.
6. Босилeк
Босилекот е богат со еугенол, антиоксиданс кој помага во уништување на слободните радикали и детоксикација на телото.
7. Прокељ
Нашите клетки се природно окупирани со супресорни гени на тумор. Сулфурот кој го содржи прокељот, може да му помогне на телото да ги потисне тие гени, и со тоа значително да го намали ризикот од тумор или предвремено стареење на клетките.
И. И. | Црнобело