Навики со кои несвесно си го уништуваме здравјето

Секој од нас има свои навики, но ретки се оние кои знаат дека многу од нив може значајно да му наштетат на нашето здравје.

10-naviki-so-koi-nesvesno-mu-nastetuvame-na-naseto-zdravje-001.jpg

Голем дел од нив ги повторуваме секојдневно, притоа изложувајќи се на ризик за кој воопшто не сме свесни.

Ова се работите кои најчесто луѓето сосема несвесно ги прават, без да знаат за штетните последици кои тие ги носат со себе:

1. Прекрстување на нозете

Долгото седење со прекрстени нозе доведува до зголемување на крвниот притисок, ризик од појава на проширени вени и оштетување на нервите на нозете.

10-naviki-so-koi-nesvesno-mu-nastetuvame-na-naseto-zdravje-02

2. Хранење на птици

Иако хранењето на гулабите во паркот ви изгледа како одлична забава за децата, факт е дека овие птици се едни од најголемите преносители на болести како колибацилоза, хистоплазмоза, салмонелоза, туберкулоза, листериоза, туларемија, токсоплазмоза ... Дали сте сигурни дека сакате да знаете за целосната листа?

10-naviki-so-koi-nesvesno-mu-nastetuvame-na-naseto-zdravje-03

3. Носење очила за сонце со слаб квалитет

Не само што не ви помагаат да ги заштитите очите од штетното UV зрачење, туку со пропуштањето на светлината може да доведат до создавање изгореници на ретината, катаракта и оштетувања на очите што би можеле да се развијат во канцер.

10-naviki-so-koi-nesvesno-mu-nastetuvame-na-naseto-zdravje-04

4. Пиење премногу вода

Иако постојано читаме дека треба да се пие многу вода, факт е дека секој човек е различен и има различна потреба од вода. Доколку сте физички активни, секако дека ви е потребна поголема количина вода, но доколку имате проблеми со бубрезите или срцето, во никој случај не смеете да претерувате со водата.

10-naviki-so-koi-nesvesno-mu-nastetuvame-na-naseto-zdravje-05

5. Лечење на болки со загревање

Иако честопати ни се чини дека топлината ни помага да се ослободиме од болките во различни делови од телото, постои цела листа на болести кај кои загревањето има сосема спротивен ефект (воспаление на слепото црево, холециститис, панкреатитис). Затоа следниот пат посоветувајте се со лекар како треба да ги третирате болките.

10-naviki-so-koi-nesvesno-mu-nastetuvame-na-naseto-zdravje-06

6. Подготовка на пуканки во микробранова

Не станува збор само за начинот на подготовка, туку и за состојките кои пченката ги содржи во себе. Пченката содржи состојка која кога се загрева на висока температура, може да биде штетна за белите дробови. 

10-naviki-so-koi-nesvesno-mu-nastetuvame-na-naseto-zdravje-07

7. Јадење на работното место

Секако постојат голем број на различни работни места, но факт е дека речиси сите од нив се огромен извор на бактерии заради фреквенцијата на луѓе, тастатурите полни со прашина, најразличните документи или други работни материјали.

Освен тоа, седењето и јадењето на работното место не му дозволуваат на организмот да се опушти и правилно да ја свари храната.

10-naviki-so-koi-nesvesno-mu-nastetuvame-na-naseto-zdravje-08

8. Носење отворени обувки во градски средини

Секако дека кога надвор е многу топло нема ништо поубаво од отворени сандали. Но, на овој начин ризикувате повреди, како и убоди од инсекти или инфекции кои во градските средини се многу распространети.

10-naviki-so-koi-nesvesno-mu-nastetuvame-na-naseto-zdravje-09

9. Пиење млеко со ниска масленост

Отстранувањето на мастите значи и отстранување на многу од витамините кои млекото ги содржи во себе, па на крајот завршувате пиејќи некаква синтетичка супстанца која воопшто не е корисна за вашето тело.

10-naviki-so-koi-nesvesno-mu-nastetuvame-na-naseto-zdravje-10

10. Не седите правилно

Луѓето чие работно место е поврзано со долго седење пред компјутер, мора да обрнат поголемо внимание на начинот на кој седат. Во никој случај не треба да седите наведнати нанапред или пак целосно легнати наназад. На тој начин ги притискате стомачните органи и ризикувате појава на болки и искривување на ’рбетот.

10-naviki-so-koi-nesvesno-mu-nastetuvame-na-naseto-zdravje-11

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg