10 намирници кои секоја жена треба да ги јаде повеќе

Сте се запрашале ли некогаш дали постојат некои намирници кои се позначајни за женското здравје од останатите?

10-namirnici-koi-sekoja-zena-treba-povekje-da-gi-jade-01

Голем број истражувања покажале дека одредени видови храна навистина имаат значително влијание врз женскиот организам.

Голем дел од нив се намирници кои можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана без поголеми потешкотии и на тој начин да си помогнете себеси и на организмот да остане здрав.

Ова се 10 најважни намирници кои имаат големо позитивно влијание врз женското здравје:

1. Лук

Лукот е неверојатно здрав (содржи антивоспалитени агенси, а богат е со витамините Б и Ц), но е посебно добар за женското здравје бидејќи го спречува ослабувањето на коските, заради што најчесто се појавува остеопороза.

2. Ореви

Тие се полни со протеини, влакна и омега-3 масни киселини, но, исто така, го намалуваат холестеролот и значително го подобруваат квалитетот на сонот. Некои истражувања покажуваат дека оревите го намалуваат ризикот од појава на рак на дојка.

3. Семки од тиква

Како и во случајот на чоколадо, семки од тиква се одличен извор на триптофан, киселина која се смета за природна „подобрувач“ на расположението.

10-namirnici-koi-sekoja-zena-treba-povekje-da-gi-jade-2.jpg

4. Блитва

Блитвата е најдобрата алтернатива за кељот! Ниско калоричен извор на фитоестрогени, растителни стероиди кои помагаат во одржување на здравјето на нивото на хормоните. Таа е исто така одличен извор на железо, калциум, фолна киселина и витамините Б, Ц, Е и К.

5. Боровинки

Ги сметаат за природен крем против брчки! Боровинките (најдобри се дивите!) го спречуваат стареењето но и губење на меморијата, го намалуваат крвниот притисок и ја одобруваат моториката.

6. Црвени пиперки

Покрај тоа што е одличен извор на витамин А, црвена пиперка е и природно термогенична, што значи дека произведува топлина во телото и го стимулира метаболизмот. Тие, исто така, помагаат во намалување на апетитот и топењето на масните наслаги.

10-namirnici-koi-sekoja-zena-treba-povekje-da-gi-jade-3.jpg

7. Зелен чај

Зелениот чај не е храна, но корисно е да пиете повеќе од овој чај, кој има многу антиоксиданси и состојки кои ја подобруваат функцијата на мозокот, го забрзуваат метаболизмот и зголемуваат трошењето на масното ткиво во телото.

8. Суво грозје

Покрај влакна, железо и витамин Ц, сувото грозје содржи и јаглехидрати кои го покачуваат нивото на енергија и одредени фитохемикалии кои се борат против расипувањето на забите.

9. Вишни

Ова овошје е богато со антиоксиданси и е корисно во борба против губење на меморијата, срцевите заболувања, високиот холестерол и дијабетесот. Плус: Сок од вишни значително го подобрува квалитетот на сонот!

10. Прокељ

Истaтa состојка која прави прокељот да има карактеристичен мирис е одговорна и за уништување на клетките на ракот во организмот! Никако немојте премногу да го варите, бидејќи на тој начин се губат сите негови здрави својства.

10-namirnici-koi-sekoja-zena-treba-povekje-da-gi-jade-4.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg