4 научно докажани причини зошто треба да уживате во тишината

Секој миг од нашите животи сме опколени со бучава и што е најважно, навикнати сме на ова акустично „загадување“ така што како воопшто да не забележуваме дека постои.

4-naucno-dokazani-pricini-zoshto-trreba-da-uzivate-vo-tishinata-01.jpg

Речиси воопшто не обрнуваме внимание на сообраќајот, телевизорот, музиката...

Но, постојат 4 причини поради кои треба да се „почестиме“ со тишина:

1. Тишината ги регенерира клетките на мозокот

Според едно истражување направено на глувци, 2-часовна тишина помага да се формираат нови клетки во хипокампусот - дел од мозокот кој е одговорен за учење на нови вештини, за сеќавањата и емоциите.

2. Тишината нè прави креативни

Нашиот мозок е активен дури и тогаш кога одмораме. За тоа време, мозокот ги анализира сите информации кои претходно ги примил, па добро е тој период да го поминете во тишина.

3. Тишината нè ослободува од стресот и тензијата

Докажано е дека бучавата влијае на нашиот мозок така што се зголемува нивото на стрес. Тишината има спротивен ефект, нè ослободува од стресот и нервозата.

4. Тишината ни помага максимално да ги искористиме менталните способности

Бучавата ни пречи во решавањето на проблеми како при учењето, така и при работењето. Според одредени истражувања, дури и влијае на нашите мотивација, внимание и бројот на грешки кои ги правиме.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го намалува стресот и уште 6 потенцијални придобивки од билката ашваганда Ограничен број студии покажале дека користењето ашваганда како додаток во исхран...
Причини за неплодност кај мажите + може ли да се спречи? Кога станува збор за неплодност, најчесто проблемот се бара кај жената. Но, и ма...
Што е мача и зошто е добро да се пие? Мача е зелен чај во прав, кој е одличен за превенција од рак, а ги штити коските...
Зошто докторите најчесто препорачуваат терапии со инхалација + корисни работи што треба да ги знаете Во минатото, за инхалирање се користеше тенџере со топла вода, а понекогаш внатр...
4 работи за перименопауза што секоја жена над 35 години треба да ги знае Симптомите на перименопауза обично се јавуваат по 40-тата година, но кај некои ж...
Што е хемангиом кај бебе – зошто се појавува и дали е опасен? Хемангиомот е мек, издигнат израсток на површината на кожата на бебето. Хеман...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg