Зошто докторите најчесто препорачуваат терапии со инхалација + корисни работи што треба да ги знаете

Во минатото, за инхалирање се користеше тенџере со топла вода, а понекогаш внатре се ставаше и камилица. За разлика од тоа, денес најчесто се користат инхалатори. Кога треба да користите инхалатор и кои работи е добро да ги знаете?

inhalatori-kolku-chesto-mozhe-da-se-koristat-kako-da-go-odberete-soodvetniot-i-ushte-nekolku-korisni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-01.jpg

Веќе сме во сезона кога децата (па и возрасните) најмногу време поминуваат во затворени простории, при што честопати доаѓа и до респираторни инфекции. Ваквите инфекции најчесто се предизвикани од вируси и нивното лекување се состои од соодветна терапија.

Па, ако се соочувате со течење на носот, тогаш капките, физиолошкиот раствор, отстранувањето на секретот и инхалациите се основните методи на лекување. Доколку, пак, имате болки во грлото, тогаш се пристапува кон соодветни спрејови, пастили и топли пијалаци.

Доколку пак имате кашлица, тогаш добро би било да земете препарати против кашлица или за искашлување, а важна е и хидратацијата, односно земање доволно количество течности.

Покрај сето ова, од особена важност е да се земат препарати за зајакнување на имунитетот, да се храните здраво и да поминувате што е можно повеќе време на свеж воздух.

inhalatori-kolku-chesto-mozhe-da-se-koristat-kako-da-go-odberete-soodvetniot-i-ushte-nekolku-korisni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-02.jpg

Што е инхалација?

Инхалаторот работи на таков принцип што го претвора течниот раствор во ситни честички кои детето ги вдишува и со кои се навлажнува слузницата. Инхалирањето треба да се повторува неколкупати на ден, по препорака од лекар, и треба да се има предвид дека оваа постапка нема веднаш да ја излечи настинката, но ќе го олесни дишењето и ќе го забрза процесот на заздравување.

Бидејќи малите деца и бебиња се особено склони кон настинки, особено во есен и зима, инхалациите се идеална процедура за смирување на иритацијата на респираторниот систем, бидејќи ја чистат и смируваат слузокожата на носот и горниот респираторен тракт, па го олеснуваат и исфрлувањето на слузта.

Лекарот ја избира содржината на растворот за инхалација и дозите, а инхалирањето може да се изведува во болнички услови и дома, според специфично дадени упатства.

Предностите на инхалацијата се следниве: локално дејствување, брз ефект, поголема ефикасност на лекот, помалку несакани ефекти.

inhalatori-kolku-chesto-mozhe-da-se-koristat-kako-da-go-odberete-soodvetniot-i-ushte-nekolku-korisni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-03.jpg

Видови инхалатори за домашна употреба

Во минатото, за инхалирање се користеше тенџере со топла вода, а понекогаш внатре се ставаше и камилица. Пациентот вдишува така што се наведнува над тенџерето, додека главата е покриена со крпа.

Сепак, за малите деца оваа постапка е невозможна, бидејќи течноста е многу жешка, а може да биде опасна доколку детето случајно го допре садот и се изгори.

За разлика од тоа, денес најчесто се користат инхалатори кои се состојат од машина (компресор) која го загрева и го претвора растворот во пареа, сад во кој се става растворот и цевка која ја транспортира пареата до маската.

Маската треба добро да се постави над носот и устата за инхалацијата да биде успешна. Важно е да се користи соодветна големина на маска, во зависност од возраста на детето.

inhalatori-kolku-chesto-mozhe-da-se-koristat-kako-da-go-odberete-soodvetniot-i-ushte-nekolku-korisni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-05.jpg

Електричните инхалатори може да бидат:

  • Инхалатор на струја
  • Пренослив инхалатор на батерии

Инхалирањето треба да се прави неколкупати на ден, неколку дена по ред, а сето тоа според одредени инструкции од лекар. Помеѓу инхалациите, важно е да се измијат деловите од инхалаторот, а особено маските кои се ставаат директно на лицето на детето.

Освен електричните инхалатори, кои се најдобри, може да се користат и посебно обликувани садови така што на нив ќе може да се потпре носот и лицето, но големината на ваквите садови најчесто е погодна за возрасни и поголеми деца.

inhalatori-kolku-chesto-mozhe-da-se-koristat-kako-da-go-odberete-soodvetniot-i-ushte-nekolku-korisni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-04_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Ларингитис кај деца: Кои се најчестите симптоми и како најбрзо да му помогнете на вашето дете? Во бањата пуштете врела вода за да се создаде пареа. Потоа детето треба да го вн...
Ротавирус кај деца: Кои се симптомите и колку е опасен? Ротавирусот многу лесно се пренесува и може да преживее неколку часа на неизмиен...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg