Зошто докторите најчесто препорачуваат терапии со инхалација + корисни работи што треба да ги знаете

Како да го одберете соодветниот инхалатор?

Кога ќе решите да купувате инхалатор, треба да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт. Во зависност од потребата, тие ќе ви ги предложат најповолните опции. На родителите кои купуваат инхалатор за своите деца им се препорачува да купат што поедноставни инхалатори, со маски кои може да се менуваат и кои се со различна големина (бидејќи децата брзо растат), а исто така и такви кои лесно може да се одржуваат.

Кога се купуваат инхалатори за бебиња, добро би било да не се премногу гласни, за бебињата да не се исплашат од непријатниот звук. 

inhalatori-kolku-chesto-mozhe-da-se-koristat-kako-da-go-odberete-soodvetniot-i-ushte-nekolku-korisni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-06.jpg

Одржување на инхалаторот

Пожелно е инхалаторот да го користи само едно семејство, а по можност секое дете треба да има своја маска, а и маската и цевката треба да се мијат по инхалирањето.

По миењето, добро е маската и цевката да се стават во благ раствор за дезинфекција, да се остават да отстојат неколку часа и потоа да се исушат на собна температура.

Треба да се внимава во цевката да не се остави никакво средство за дезинфекција, за детето да не го вдишува при следното инхалирање.

inhalatori-kolku-chesto-mozhe-da-se-koristat-kako-da-go-odberete-soodvetniot-i-ushte-nekolku-korisni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-07.jpg

Колку често треба да се инхалира и колку долго трае инхалацијата?

Ако инхалаторот се користи според упатствата и ако во него се става само физиолошки раствор, инахалциите може да се користат долго време и немаат штетно влијание врз телото.

Доколку во инхалаторот, покрај физиолошкиот раствор се стават и некои други лекови, употребата мора да биде точно според упатствата на лекарот.

Затоа, дозата и времетраењето на терапијата треба да се следат точно според препораките.

Инхалацијата трае сè додека од инхалаторот излегува пареа, односно, додека има лек или физиолошки раствор во резервоарот.

inhalatori-kolku-chesto-mozhe-da-se-koristat-kako-da-go-odberete-soodvetniot-i-ushte-nekolku-korisni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-08.jpg

Правилната инхалација е од клучно значење

Растворот за инхалација се подготвува според упатствата на лекарот или фармацевтот, а лицето го вдишува преку маска или уста. Правилно е да се вдишува преку уста, а пред секое издишување треба да го задржите здивот неколку секунди.

За малите деца, доволно е да дишат мирно и бавно. Главата никогаш не треба да се држи надолу, дишните патишта мора да бидат слободни при вдишување.

inhalatori-kolku-chesto-mozhe-da-se-koristat-kako-da-go-odberete-soodvetniot-i-ushte-nekolku-korisni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-09.jpg

Кога се користи инхалатор?

Повеќето луѓе веруваат дека инхалирањето може да ги ублажи сите респираторни симптоми како кашлица или отежнато дишење. Сепак, треба да се има предвид дека инхалацијата не е потребна при секоја настинка или кашлица.

Не користете инхалатор без претходно да ја идентификувате причината за кашлицата или болеста на вашето дете. Секогаш советувајте се со вашиот лекар или фармацевт.

За крај, можеме да кажеме дека користењето на инхалаторот нема старосна граница, па може да се користи секојдневно и долго време, но, секогаш имајте предвид дека советувањето со вашиот лекар е првиот чекор кој треба да го преземете кога станува збор за ваше или лекувањето на вашето дете.

За најдобри и најсигурни резултати, никогаш не преземајте ги работите само во свои раце без да се консултирате со стручно лице.

inhalatori-kolku-chesto-mozhe-da-se-koristat-kako-da-go-odberete-soodvetniot-i-ushte-nekolku-korisni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-10_copy.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Ларингитис кај деца: Кои се најчестите симптоми и како најбрзо да му помогнете на вашето дете? Во бањата пуштете врела вода за да се создаде пареа. Потоа детето треба да го вн...
Ротавирус кај деца: Кои се симптомите и колку е опасен? Ротавирусот многу лесно се пренесува и може да преживее неколку часа на неизмиен...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg