Што е хемангиом кај бебе – зошто се појавува и дали е опасен?

Хемангиомот е мек, издигнат израсток на површината на кожата на бебето. Во фазата до шестиот месец од животот на бебето, растот на хемангиомот е најинтензивен, а понекогаш продолжува да расте до првата или дури до втората година. По почетната фаза на брз раст, следува фаза на одмор.

shto-e-hemangiom-kaj-bebe-zoshto-se-pojavuva-i-dali-e-opasen-01.jpg

Хемангиомот е мек, издигнат израсток на површината на кожата на бебето.

Настанува поради промена на крвните садови, односно, кога група крвни садови не се формираат правилно или кога крвните садови абнормално се „згрутчуваат“.

Во повеќето случаи хемангиомот постепено се повлекува и не бара никаков третман, а што се однесува до бојата, може да биде светло црвена, розова или виолетова.

Кога се појавува и дали исчезнува хемангиомот кај децата?

Хемангиомот кај бебето може да го забележите неколку недели по раѓањето, а се смета дека почесто се јавува кај девојчиња, предвремено родени бебиња и бебиња со мала родилна тежина.

Сепак, ова не е правило секогаш.

Хемангиомите не се присутни при раѓањето на детето или се само малку видливи.

Во фазата до шестиот месец од животот на бебето, растот на хемангиомот е најинтензивен, а понекогаш продолжува да расте до првата или дури до втората година.

По почетната фаза на брз раст, следува фаза на одмор.

Во повеќето случаи, до петтата година 50% од хемангиомите се намалуваат или дури целосно исчезнуваат, 70% до седумгодишна возраст, а до деветтата година хемангиомите се повлекуваат во дури од околу 90% од случаите.

shto-e-hemangiom-kaj-bebe-zoshto-se-pojavuva-i-dali-e-opasen-10.jpg

Видови хемангиоми

Хемангиомите треба да се разликуваат од другите васкуларни промени на кожата на детето.

Во зависност од зафатеноста на кожата, се класифицираат во 3 видови:

Површински – хемангиомот е на или близу површината на кожата и изгледа како црвена испакнатина.

Комбиниран – настанува со комбинација на карактеристиките на површинскиот и длабинскиот хемангиом. На пример, може да биде црвен одозгора со сина нијанса под израстокот.

Длабински – хемангиомот расте по мускулите или долните слоеви на кожата. Можеби нема да го забележите веднаш по раѓањето, има сиво бела боја и гумен е на допир.

hemangiom-kaj-bebe-vidovi-zoshto-se-pojavuva-i-dali-i-koga-e-potrebno-da-go-tretirate-03.jpg

Дијагностицирање на хемангиомот

Дијагнозата за хемангиомот се утврдува со клиничка слика и детален преглед, а најчесто доволен е преглед од лекарот.

Понекогаш ткивото изгледа „необично“, лекарот може да го поврзе со нешто друго, па тогаш се користи хистопатолошки преглед на примерокот од биопсија, за да се воспостави конечна дијагноза.

Изведувањето на биопсијата е последната опција, која лекарите ја избегнуваат, затоа што при земањето ткиво може да дојде до сериозно крвавење.

hemangiom-kaj-bebe-vidovi-zoshto-se-pojavuva-i-dali-i-koga-e-potrebno-da-go-tretirate-04.jpg

Кога е потребно да го лекувате хемангиомот?

Доколку детето има хемангиом, најважно е да го следите и ако забележите нагли промени или раст, веднаш да се обратите кај вашиот лекар.

Добро би било да го фотографирате, па со текот на времето да можете да ги забележите промените.

Хемангиомите претежно не бараат третман, освен многу мал процент од нив, а третирањето се врши на оние кои растат брзо или ако се наоѓаат на некои непријатни и незгодни места.

Третманот трае неколку месеци и целта е да се забави и запре растот на хемангиомот, за да не го попречува развојот на детето.

Повеќето хемангиоми ќе исчезнат во детството, па ако не предизвикуваат некои дополнителни проблеми, подобро е да избегнете лекување.

Секако, ова никако не смеете да го одлучите на своја рака туку секогаш да се консултирате со вашиот лекар и тој да ви одреди што е најдоброто за вашето дете.

М. Ѓ | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg