4 работи за перименопауза што секоја жена над 35 години треба да ги знае
Симптомите на перименопауза обично се јавуваат по 40-тата година, но кај некои жени може да се јават и порано. Перименопаузата е процес на транзиција кон менопауза и во некои случаи може да трае и повеќе од осум години.
Секоја жена знае што е менопауза и на некој начин психички се подготвува за овој период од животот.
Сепак, многу поретко се зборува за перименопауза – периодот кој е како транзиција кон менопаузата.
Исто како и менопаузата, и перименопауза предизвикува низа симптоми кои кај некои жени се поизразени и можат да им го попречат секојдневното функционирање.
Перименопаузата е непредвидлива и е причина за хормонални промени кои имаат влијание врз психофизичката состојба на жената.
Во просек, симптомите на перименопауза почнуваат по 40-тата година, но кај некои жени можат да се јават порано – околу 35-тата година.
Неколку работи што секоја жена треба да ги знае за перименоапузата:
Може да трае неколку години
Перименопазуата може да почне и до 10 години пред менопаузата.
Симптомите на перименопауза обично траат околу четири години, но кај некои жени можат да траат и осум, па и десет години.
Во некои случаи, симптомите на перименопауза траат и само неколку месеци.
Генетиката може да има улога
Некои истражувања покажуваат дека можно е гените да имаат влијание врз тоа на која возраст почнува менопаузата, но и кои симптоми ќе се појават.
Ако мајка ви порано влегла во перименопауза, можно е исто да биде и во вашиот случај.
Ова може да важи и за симптомите – оние што ги чувствувала вашата мајка или вашата баба, можно е да се јават и кај вас.
Предизвикува низа неочекувани симптоми
Некои од најчестите симптоми на перименопауза се промени во менструалниот циклус, ноќно потење и ненадејно чувство дека ви е многу жешко.
Но, поради хормоналните промени, може да се јават и други, по малку изненадувачки симптоми, како:
- Проблеми со кожата
- Болка за време на секс
- Панични напади
- Анксиозност
- Сува уста
- Чувствителни гради
- Намалена желба за секс
- Зачестено одење во тоалет
- Променливо расположение
Не заборавајте дека перименопауза ќе помине
За некои жени, симптомите се мошне изразени и можат да им создаваат проблеми во секојдневието.
А, дури и поблагите симптоми можат да бидат проблематични.
Но, кога сте фрустрирани, потсетете се дека перименопаузата е нормален процес и нема да морате да ги трпите симптомите целиот живот.
Ако некои симптоми ви претставуваат сериозен проблем, секогаш е добро да се консултирате со лекар.
Во меѓувреме, водете и добра грижа за здравјето бидејќи со ова можете да ги ублажите симптомите.
Односно, хранете се здраво, редовно вежбајте, намалете со алкохол и брза храна, медитирајте за да се справите со стресот…
Спирова С. | Црнобело