„10-3-2-1-0“ - Формула за добар сон и полесно расонување
Секој од нас си има свој ритуал за расонување рано наутро. Некои размислуваат на тоа што ги чека во текот на денот, а некои пак го вклучуваат уште еднаш алармот и дремнуваат уште 5 минути пред конечно да заминат на работа.
Факт е дека некои стануваат полесно, а некои потешко. Крег Балантајн е фитнес тренер кој креирал формула за совршен сон и лесно расонување - „10-3-2-1-0“.
Па, ако имате проблеми со станувањето рано наутро, тешко се расонувате и се чувствувате ненаспано, тогаш можете да се обидете да имате подобaр сон со формулата на овој тренер.
Според Балантајн, основата за добар сон започнува уште попладне, па потребно е да започнете да се подготвувате однапред.
5 клучни моменти кои треба да ги имате во глава:
10 часа пред спиењето - нема повеќе кофеин
3 часа пред спиењето - нема веќе храна и алкохол
2 часа пред спиењето - нема повеќе работа
1 час пред спиењето - нема повеќе телевизија, компјутери или телефони
0 - колку пати ќе го стиснете копчето „snooze“ на алармот.
Н. Г. | Црнобело