7 причини поради кои почесто уринирате
Влегувате во кино и не ви е сеедно каде ќе седнете, туку го барате местото кое е најблиску до тоалетот. Или одите на ручек со пријателите и седнувате на онаа столица која е најблиску до тоалетот затоа што знаете дека нема долго да издржите...
Неколку потенцијални причини зошто почесто уринирате:
1. Можеби ви се чини дека е премногу, но во реалноста е нормално
Тоа колку пати ќе отидете во тоалет зависи пред сè од количината на испиени течности. Ако уринирате 8 пати дневно, имајте на ум дека тоа е просекот. Ако еднаш, во текот на ноќта станувате да уринирате знајте дека и тоа е сосема нормално.
2. Имате мал мочен меур
Ова е чест изговор меѓу оние кои често уринираат, а за повеќето случаи тоа е вистина. Анатомски сите се разликуваме и исто како што некој е повисок, а некој понизок, така некој има поголем, а некој помал мочен меур.
Кај повеќето луѓе, мочниот меур може да издржи околу две чаши течност, но кај оние кои имаат помал мочен меур, количината на течност која може да се задржи е помала. Добрата вест е што можете да го тренирате вашиот мочен меур да истрпи уште повеќе течност.
Совет од експертите е да трпите не повеќе од 15 минути за мускулите на мочниот меур да се рашират и да не уринирате почесто.
3. Не пиете доволно вода
Намерно се обидувате да пиете што е можно помалку течности за да не одите почесто во тоалет, но на тој начин само се дехидрирате. Ако пиете помалку вода, урината станува концентрирана и го иритира мочниот меур.
4. Имате инфекција или камен во бубрег
Инфекциите и камењата, односно кристалните формации во бубрегот исто така, можат да го иритираат мочниот меур па да имате потреба почесто да уринирате.
5. Мускулите не ви се силни
Колку ви се појаки мускулите, толку повеќе можете да издржите и обратно. Голем број на жени немаат доволни силни мускули, па затоа важно е да правите Кегелови вежби.
6. Премногу активен меур
Ако уринирате повеќе од 8 пати дневно тоа може да биде резултат на премногу активен меур. Почесто се јавува кај жени како резултат на стареење, меурот не се празни целосно или потребни ви се лекови кои можат да ви помогнат во опуштање на мускулите.
7. Дијабетес
Ако нема друга причина, постои шанса постојано да уринирате поради дијабетес. Ако шеќерот ви е висок, бубрезите не можат целосно да ја обработат глукозата, па истата директно преминува во мочниот меур па токму затоа уринирате почесто.
Н. Г. | Црнобело