Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите?

Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни кои често знаат да бидат болни? Како да спречите појава на акни на грбот и на што треба да внимавате за да спречите нивно ширење по целиот грб?

zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-grbot-i-kako-da-gi-ischistite-01.jpg

Вообичаено акните се појавуваат на секој дел од телото каде што има повеќе жлезди коишто лачат масти, како што се лицето, градите и грбот. На грбот често може да се појават црнки, мозолчиња и акни исполнети со гној што се нарекуваат цисти.

Зошто се појавуваат акни на овој дел од телото и како да се ослободите од нив?

Како настануваат акни на грбот?

Овие акни се појавуваат затоа што на грбот има голем број жлезди што лачат себум, односно масла кои служат како заштита на кожата.

Вообичаено тие се резултат на тоа што порите на кожата се затнуваат од природните масти на кожата (себум) кои се мешаат со мртви клетки, пот или нечистотии.

Често овие затнати пори може внатре да имаат бактерии или да се воспалат, па на тој начин се формираат акни.

Најчесто се појавуваат кај адолесценти, но не постои ограничување во однос на возраста и полот кај кои личности може да се појават.

Освен бактериите, чест предизвикувач на акните е и габичката маласезија, која предизвикува израстоци слични на акни.

Оваа габа добро се развива на влажна површина, па луѓето што често носат тесна облека, од материјали кои не дозволуваат кожата да дише, или ранци, најчесто се во поголем ризик да добијат акни предизвикани од неа.

Исто така, кај акните предизвикани од габични инфекции, користењето кремови со антибиотик на своја рака, само дополнително може да ја влоши ситуацијата.

zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-grbot-i-kako-da-gi-ischistite-03.jpg

Симптоми

Акните често може да се појават на рамената, во горниот дел од грбот или на торзото.

Често овие акни може да бидат болни и да се појават во кластери (по неколку акни на помала површина од кожата).

Исто така, може да се појави само еден вид акни, или пак да биде мешавина од црнки, мозолчиња, црвени акни и цистични акни.

zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-grbot-i-kako-da-gi-ischistite-05.jpg

Кога треба да одите на лекар?

Пред да почнете да користите каков било лек за акни, најдобро е да консултирате лекар или дерматолог, а некои од следниве симптоми треба да ви укажат на тоа дека треба веднаш да закажете преглед:

  • Ако имате болни цистични акни;
  • Ако имате мозолчиња што се многу воспалени;
  • Ако имате покачена телесна температура, која може да биде знак на воспаление.

zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-grbot-i-kako-da-gi-ischistite-02.jpg

Најчести причини за појава на акни

Ако постојано имате проблеми со акни на грбот, тогаш многу е важно да утврдите која е причината за нивната појава и да направите промени во секојдневниот живот.

Се смета дека најчесто акните може да се јават кај луѓето:

  • Кои имаат промени во нивото на хормоните, како кај адолесценти и бремени жени;
  • Кои често носат тесна или спортска облека која предизвикува триење на испотената кожа или, пак, често носат ранец;
  • Користат лекови со кортикостероиди;
  • Редовно користат лосиони или кремови за тело што може да ги затнат порите на грбот;
  • Се под стрес или страдаат од анксиозност, заради што се зголемува нивото на кортизол во нивниот организам, што предизвикува зголемено производство на себум;
  • Не се пресоблекуваат со часови по физичките активности и потта која е заробена меѓу облеката и телото доведува до затнување на порите;
  • Имаат наследни предиспозиции за појава на акни.

zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-grbot-i-kako-da-gi-ischistite-07.jpg

Како да ги спречите појавата на акни и нивното ширење?

- Најдобро е секогаш да носите лесна и широка облека за да избегнете триење и иритација. Тесните маици може да ја заробат потта и да предизвикаат нејзино триење;

- Ако имате проблем со акни, избегнувајте да носите ранци или спортска облека со облога на грбот;

- Туширајте се веднаш по секоја физичка активност и избегнувајте да лежите голи на нечист под кога вежбате;

- Избирајте благи средства за хигиена;

- Геловите со бензол пероксид може да помогнат во чистењето на акните, а најдобро е да оставите да дејствуваат околу 5 минути пред плакнење;

- Во никој случај не ги стискајте мозолчињата за да не си предизвикате инфекции и нивно ширење;

- Ако имате долга коса, мијте ја почесто и соберете ја во опавче за да не го допира грбот;

- Избегнувајте храна која може да предизвика акни кај некои луѓе, како бело тесто, тестенини, компири...

zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-grbot-i-kako-da-gi-ischistite-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg