Вие прашувате, психолог одговара: „Сопругот ме омаловажува и навредува – Може ли да се промени?“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-soprugot-strada-od-narcisoidnost-mozhe-li-da-se-promeni-01.jpg

Прашањата за психолозите може да ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.– истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка.

Прашање од читател:

„Сопругот страда од нарцисоидност – туѓото мислење му е секогаш поважно, мене ме омаловажува и навредува, како да сум неважна во неговиот живот.

Како да постапам, дали постои можност да се промени?“

Одговор од психолог, Нина Тасевска:

Зборот „нарцис“ многу често, во секојдневниот говор го употребуваме за да опишеме некој со надуено его или супериорно чувство за себе, но нарцисоидното растројство на личноста е легитимна состојба на менталното здравје.

Не сите луѓе со нарцисоидни особини го имаат и растројството и да се знае разликата е од суштинско значење.

Всушност, оттаму почнува и помошта која можеме да ја пружиме некому кој наликува на овој личносен профил.

1. Истражете и научете што го карактеризира нарцисоидното растројство на личноста, знаците карактеристични за истото (чувство на супериорност, недостиг на емпатија, манипулативност, себичност).

Ова е многу важен чекор за да можеме да ја направиме дистинкцијата меѓу дијагноза, болест и нарцисоидно однесување кое е активирано од нарцисоидната личносна црта, карактеристика.

2. Работете на вашата самодоверба. Без оглед на дефиницијата за однесувањето на партнерот – нарцис, манипулатор, насилник и слично, секое однесување кое не ви одговара, поради кое страдате, се чувствувате лошо, подредено, знае да е тешко и погубно по личноста на другиот.

Но, бидувајќи добар со себе, работејќи на зачувување на сопствените капацитети и знаејќи ги бихевиоралните тенденции на партнерот, голема е веројатноста да разбереме дека проблемот не е во нас и надлежноста за сите постапки на партнерот е негова.

До вас е само поддршката која би му ја дале за работа на себе или, во краен случај, разделба – која е опција за која вие одлучувате тогаш кога вашиот психофизички интегритет е засегнат.

3. Воспоставете јасни граници каде што е потребно. Без оглед на вкалапувањето на нечија личност во болест, растројство или негативно однесување, мора да се знае дека во релациите со другите, границите кои ги поставуваме се императив, без кои сме како „пливачи на отворено море без елек за спасување“.

Степенот на толеранција е индивидуален и варира зависно од личносната зрелост и самодоверба. Но, едно е јасно – колку повеќе допуштаме, толку повеќе од нас се бара, што не секогаш можеме и смееме да си дозволиме.

4. Разговарајте и бидете поддршка. Ова се однесува за случаите каде постои свесност кај блискиот дека има проблематично однесување (од која било природа) која се рефлектира на блиските и дека сака да си помогне – посета на доктор, психолог, терапевт.

5. Бидете подготвени за различни исходи. Секогаш имајте ја на ум следнава работа – „во сè што сакам, почитувам, се вложувам оптимално и правам сè во мој домен да ги решам проблемите и нејаснотиите.

Кога ќе увидам дека исходот е непроменет или влошен, а јас се чувствувам уплашено, небезбедно, понижено, тажно, можеби најлогичното решение е крај“.

Порака:

Личносниот интегритет е замок кој морам да го чувам, заштитувам. Без него сум како без дом.

Надлежноста за себе е лична одговорност на секој човек. Мојата за другите е до некаде, потоа самите мораат да го изодат патот кој е предвиден за нив.

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Нина Тасевска, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Другарите на син ми го навредуваат и повредуваат, не сака да оди ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg