4 работи кои ќе се случат кога ќе престанете да јадете месо
Иако месото му е потребно на организмот, постојат многу луѓе кои едноставно не сакаат да го јадат. И иако не ви препорачуваме трајно да го исфрлите месото од вашето мени, сепак можеби ќе биде добро за вас да го избегнувате одреден период.
А еве што ќе се случи ако го направите тоа:
1. Ќе ослабете
Испитаници од едно истражување престанале да јадат месо и во просек ослабеле по 5 килограми. Притоа не ја менувале рутината на вежбање, ниту броеле калории.
2. Ќе ви се промени цревната микрофлора
Веганите имаат повеќе видови цревни бактерии кои се борат со воспаленија, но сепак поголема е разликата во концентрацијата на цревната микрофлора помеѓу вегетаријанецот и сештојадот, покажува истражување спроведено на универзитет во Њујорк.
3. Ќе го намалите ризикот од рак
Светската здравствена организација ги шокирала сите месојадци во светот - сланината, колбасите и останатото преработено месо е подеднакво канцерогено како и цигарите.
4. Сигурно ќе го намалите ризикот од срцеви болести
Освен претераното внесување на маснотии, американскиот институт Лернер го изолирал карнитинот за да увидат дали тој е поврзан со срцевите болести. Дознале дека ова соединение, кое го има во црвеното месо, поттикнува реакции кои предизвикуваат кардиоваскуларни болести.
С. С. | Црнобело