3 едноставни вежби за лимфна дренажа

Вежбите за лимфна дренажа можат да помогнат во намалување на отоците кои настануваат поради блокада на лимфниот систем. Но, пред да ги пробате, задолжително консултирајте се со лекар.

3-ednostavni-vezhbi-za-limfna-drenazha-01.jpg

Лимфната дренажа претставува намалување на отоците кои настануваат при блокада на лимфниот систем.

Постојат масажи за лимфна дренажа, како и вежби кои можат да имаат сличен ефект.

Пред самите да пробате што било, важно е прво да се консултирате со лекар.

Бидејќи, доколку имате сериозен здравствен проблем кој предизвикува блокада на лимфниот систем, важно е да ја добиете соодветната терапија.

Во продолжение три вежби за лимфна дренажа:

Прва вежба

Легнете на рамна површина и прекрстете ги рацете на градите. Прстите од левата дланка треба да ви ја допираат левата клучна коска, и обратно.

Подигајте ги рацете без да ги движите дланките, така што ќе создадете притисок на клучните коски.

Издишувајте додека ги кревате рацете, а вдишувајте додека ги спуштате.

Направете 15-20 повторувања.

3-ednostavni-vezhbi-za-limfna-drenazha-02.jpg

Втора вежба

Застанете исправено, со рацете поставени покрај телото. Стапалата треба да ви бидат паралелни едно на друго.

Застанете на прсти, па спуштете се и застанете на петите.

Вдишувајте кога застанувате на прсти, а издишувајте кога застанувате на пети.

Направете 20 повторувања.

3-ednostavni-vezhbi-za-limfna-drenazha-03.jpg

Трета вежба

Седнете на рамна површина, свиткајте ги колената и спојте ги стапалата на долниот дел. Поставете ги дланките на колената и нежно притиснете ги надоле.

Не треба да чувствувате болка во делот на препоните, туку истегнување.

Со брзи и нежни движења, спуштајте ги колената надоле.

Направете 30 повторувања.

3-ednostavni-vezhbi-za-limfna-drenazha-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg