Ново истражување: Пржениот зеленчук е поздрав од варениот
Пржењето е еден од највкусните начини на подготовка на храната, но и најнездрав според досегашните истражувања. Меѓутоа, едно ново истражување тврди дека пржениот зеленчук и не е така нездрав.
Отсекогаш се верувало дека пржењето може да предизвика појава на рак поради токсичните хемиски материи кои се ослободуваат од маслото кога ќе достигне висока температура. Но, едно истражување покажува дека вистината е спротивна.
Истражувањето е објавено од страна на списанието „Food Chemistry Journal“, а направено од група научници од Универзитетот во Гранада, Шпанија.
Направено е на тој начин што храната била подготвувана на три различни начини - со варење, пржење и варење на пареа.
Утврдено е дека кај пржениот зеленчук се зголемила количината на феноли, а добро познато е дека фенолите превенираат рак, проблеми со очите и дијабетес. Како? Зеленчукот ги презема фенолите од маслото и на тој начин се зголемуваат фенолните компоненти во самиот зеленчук.
Од друга страна, покрај тоа што се зголемуваат фенолите, се зголемуваат и калориите. Што значи, работите не се така едноставни.
Заклучок: Можете слободно да уживате во пржениот зеленчук, но во умерени количини.
Н. Г. | Црнобело