Со пушење до 17 вида на рак
Ракот веќе во 2010 година би можел да биде главната причина за смртност во светот, поголема и од кардиоваскуларните болести, а најчести...
... жртви на оваа болест се поврзани со пушењето и конзумирањето на мрсна храна.
Со порастот на заболени лица на годишно ниво, само во Европа умираат од рак на белите дробови, а 90% од нив се активни и пасивни пушачи.
Во Европските земји од рак на белите дробови умираат 40 лица на 100.000 државјани. Иако ракот на плуќата е најпознатиот вид на болест кај пушачите, на листата се наоѓаат уште 17 видови на рак предизвикани од пушењето.
Американските студии покажуваат дека личностите кои активно пушеле над 40 години, ризикот од рак на цревата се зголемува за 30-50%.
Освен тоа, пушачите порано или покасно се соочуваат со срцеви проблеми, мозочни удари, висок крвен притисок, проблеми со дишење и астма. Од штетните влијанија на цигарите не се поштедени ниту непушачите кои го дишат димот од цигарите.
Поради пасивното пушење и од чадот кој што го вдишуваат на бројните јавни места, може да заболат од рак на белите дробови, а кај жените во менопауза може да дојде и до рак на дојките.
Кај стравствените пушачи, ризикот од заболување е зголемен кај следните видови на рак:
- рак на црева
- рак на белите дробови
- рак на желудникот
- рак на мочниот меур
- рак на мочните канали
- рак на гркланот
- рак на носот
- рак на црниот дроб
- рак на бубрезите
- рак на панкреасот
- рак на грлото на матката
- рак на дојки
- рак на усната шуплина
Ова се само уште неколку добри причини зашто да се откажете од пушењето и да го поздравите законот против пушење како и кампањите во заедничка борба против пушењето.