Вино со рузмарин, вкус и здравје на едно место
Рузмаринот е уште еден дар од природата. Оваа билка често се наоѓа во нашите краишта, не бара некој посебен начин на одгледување, лесно е достапна и затоа вреди да се знаат нејзините лековите својства.
Рузмаринот најчесто се користи за подобра циркулација на крвта и подигнување на крвниот притисок. Помалку е познато дека рузмаринот го подобрува апетитот, благотворно делува на работата на желудникот, го потхранува исцрпениот организам, го зголемува расположението...
Рузмаринот во комбинација со вино може пријатно да делува на вашиот организам. Како правилно да направите вино со рузмарин?
Во 1 литар вино (во најдобра варијанта - домашно) ставете 50 грама листови од рузмарин, 50 грама мед и мало стапче цимет. Ставете го сето тоа во стаклено шише и затворете го со плута. Околу 15 дена чувајте го на топло и протресувајте барем еднаш во денот.
Виното потоа се цеди и се пие по една чаша наутро и навечер.
Ќе го зголемите вашиот имунитет, ќе ја подобрите циркулацијата, ќе го регулирате притисокот и ќе уживате во прекрасниот вкус.
Н. Т. | Црнобело