ПМС или бременост: Како да ги разликувате симптомите?

Променливото расположение и зголемената чувствителност на градите се симптоми својствени и за ПМС, и за бременост. Па, дали воопшто е можно да направите разлика?

pms-ili-bremenost-kako-da-gi-razlikuvate-simptomite-01.jpg

Добро познат факт е дека симптомите на ПМС и бременост се генерално исти.

Па, не е ни чудно што многу жени не можат да ги разликуваат, дури ни оние кои имаат искусено бременост.

Ако не планирате да забремените, а менструацијата ви доцни, може да биде навистина стресно бидејќи симптомите се практично исти.

Слично е и ако се обидувате да забремените и не можете да бидете сигурни дали чувствувате симптоми на ПМС или симптоми на бременост.

Па, дали е возможно да се направи разлика помеѓу симптоми на ПМС и бременост?

Болка и зголемена чувствителност во градите

Кога станува збор за ПМС, болката обично се јавува во втората половина од менструалниот циклус.

Интензитетот варира, а е најизразена во деновите пред да почне менструацијата.

Болката генерално се намалува непосредно пред почетокот или со почетокот на менструацијата.

Истовремено, градите можат да ви бидат и почувствителни.

Сличен е симптомот и кога станува збор за бременост.

Во овој случај, болката се јавува околу две недели по зачнувањето и може трае подолго отколку болката од ПМС.

Во рана бременост, некои жени забележуваат и зголемена чувствителност на брадавиците, а може да им се појават и видливи вени на градите.

pms-ili-bremenost-kako-da-gi-razlikuvate-simptomite--02.jpg

Крвавење

Кога станува збор за менструација, крвавењето е пообилно и трае до една недела.

Но, пред менструацијата не треба да имате никаков крвавење.

Во случај на бременост, нема менструација, но околу 10 до 14 дена по зачнувањето може да се појави слабо крвавење.

Ова крвавење се разликува од менструација – има многу посветла боја, не е воопшто обилно (не е доволно да исполни влошка или тампон) и трае само ден-два.

pms-ili-bremenost-kako-da-gi-razlikuvate-simptomite--03.jpg

Промени во расположението

Променливото расположение е нормално за време на ПМС.

Можно е да е чувствувате тажно и раздразливо и овој симптом обично поминува пред да почне менструацијата.

Променливото расположение е добропознат симптом и за бременост, но обично е поизразен и може да трае до породувањето.

Кога станува збор за бременост, можно е да плачете повеќе и, генерално, да бидете многу потажни.

Што значи, ако имате променливо расположение кое не се подобрува, а менструацијата ви доцни неколку дена, можно е да станува збор за бременост.

pms-ili-bremenost-kako-da-gi-razlikuvate-simptomite--04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Три симптоми за време на менструација кои не треба да ги игнорирате, според докторка „Ако имате вртоглавица за време на менструација, можно е да губите многу крв и б...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg