20 совети како да се храните поздраво

20-soveti-kako-da-se-hranite-pozdravo-1.jpeg

11. Избегнувајте прехрамбени производи кои промовираат здравје

Преработените производи со мала веројатност може да се дефинираат како здрав избор.


12. Купувајте на краевите од супермаркетите, не и средината

Ако се држите до крајот на супермаркетите, имате поголема можност да завршите со вистинските работи во вашата корпа.


13. Јадете најмногу билки

Постои една работа со која се согласуваат нутриционистите, а тоа дека треба да консумирате најмногу овошје и зеленчук.


14. Јадете диви производи кога имате можност

Дивите овошки и зеленчуци мораат да се одбранат самите од штетните инсекти и болестите без помош на адитиви, па затоа содржат поголеми количини на фитохемикалии од своите домашни роднини.


15. Јадете како сештојад

Ова значи дека постојано треба да јадете што е можно поразлична храна богата со нитрутивни вредности за да бидете сигурни дека ги задоволувате основните потреби за хранливост.


16. Јадете повеќе како Французите, или Италијанците, или Јапонците, или Грците

Луѓето кои се држат до традиционалната кујна се далеку поздрави од оние кои се водат по современиот западен начин на исхранување.


17. Платете повеќе – Јадете помалку

Заменете го квантитетот со квалитет. Намалувањето на калориите очигледно го продолжува животот.


18. Јадете оброци

Најголем проблем кој го имаме денес се ужините кои ги распространуваме преку текот на целиот ден, односно повременото грицкање. Најдобро е да седнете на маса и да не јадете сами.


19. Јадете бавно

На тој начин си давате можност навремено да откриете кога ви е доста и да избегнувате прејадување.


20. Гответе, не купувајте

Ова е најдобар начин да ја избегнете брзата и нездрава храна и да ја замените со здрави оброци во кои ќе уживате не само поради тоа што се вкусни, туку и поради тоа што сте се потрудиле сами да ги приготвите.



Би можело да ве интересира:

Како да ја отстраните водата од увото без да предизвикате инфекција (и кога да одите на лекар)? Влегувањето вода во увото е честа појава, но ако не сте внимателни, можете да си...
Зошто докторите најчесто препорачуваат терапии со инхалација + корисни работи што треба да ги знаете Во минатото, за инхалирање се користеше тенџере со топла вода, а понекогаш внатр...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Митови за дебелеење во менопауза во кои не треба да верувате (и како да ослабите) Дебелеењето во менопауза е честа појава кај жените, најчесто предизвикано од хор...
3 масажи кои можат да ги намалат менструалните болки Масажата на стомакот ги релаксира мускулите и ја намалува напнатоста. Исто така,...
Причини за неплодност кај мажите + може ли да се спречи? Кога станува збор за неплодност, најчесто проблемот се бара кај жената. Но, и ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg