20 совети како да се храните поздраво

Постојано слушаме за тоа колку е важна здравата исхрана, но дали воопшто знаете како изгледа здравата исхрана? Колку вашите ставови се точни? Постојат неколку работи кои можат да ви послужат како добар пример, ако сакате да се храните здраво.

20-soveti-kako-da-se-hranite-pozdravo-01

Мајкл Полан е американски писател, активист и автор на книгата за исхрана и нутриционизам.

Познат е по изреката: „Јадете храна. Не премногу. Во главно билки.“ Смета дека денешната прехрамбена индустрија и современиот начин на живеење го имаат уништено социјалното и општественото значење на поимот оброк, посебно на она што значи здрав оброк.

Ако сакате да го промените начинот на исхрана на своето семејство и да го подобрите здравјето на своите деца, веројатно се прашувате како изгледа здравата исхрана.

Издвојуваме 20 совети кои можат да ви бидат добар знак дека се храните здраво:

1. Слушајте го сопствениот инстинкт

Поголемиот дел од она што го знаеме, или барем некогаш ни било познато околу тоа што значи да се исхранувате здраво, значително е променето и не е во согласност со денешните реклами и совети за тоа како изгледа еден здрав оброк. Искористете ја мудроста на постарите и водете се по нивните препораки.


2. Не верувајте им премногу на научните истражувања

Поголемиот дел од нутриционистичките совети кои сме ги добиле во последно време всушност нè прават помалку здрави и неизмерно подебели.


3. Избегнувајте ги етикетите

Многу е поедноставно да залепите некаква медицинска етикета на кутиите со слатки овесни снегулки отколку на живиот компир или морков.


4. Купувајте на пазар

Храната која се наоѓа на полиците на супермаркетите направена е подолго да трае преку отстранување на поголемиот дел од хранливите состојки, па добро е почесто да одите на пазар.


5. Јадете вистинска храна

„Обичната“ онаа вистинската храна сè уште постои и тоа е она што би требало да го јадете.


6. Ако имате нормална или прекумерна тежина, не значи дека не патите од неисхранетост или недостаток на железо во крвта

Исхраната се основа повеќе на квантитетот отколку на квалитетот, па прави да бидете истовремено – прејадени и неисхранети.


7. Не барајте решение во аптеките

Улогата на медицината е да ги одржува оние кои живеат лошо како резултат на лошата исхрана.


8. Избегнувајте го западниот начин на исхрана

Човековиот организам e изграден и приспособен да се избори со неверојатен дијапазон на храна, но истото се чини дека не важи и за западниот начин на исхранување.


9. Не јадете ништо што вашата прабаба не би го препознала како храна

За да бидете безбедни, треба да се вратите неколку генерации наназад, во времето кога денешната храна воопшто не постоела.


10. Избегнувајте неколку видови на прехрамбени производи

Избегнувајте ги производите кои содржат состојки кои ви се непознати, тешки ви се за изговарање, кога имаат пченкарен сируп или повеќе од 5 состојки.

Уште 10 совети на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што е предвремен пубертет, што го причинува и може ли да се спречи? Не секогаш може да се утврди точната причина за предвремен пубертет. Но, препора...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Причини за неплодност кај мажите + може ли да се спречи? Кога станува збор за неплодност, најчесто проблемот се бара кај жената. Но, и ма...
Какви болести предизвикува загадувањето на воздухот (и има ли начин да се заштитиме)? Порано се верувало дека загадувањето на воздухот има влијание само врз респирато...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg