Промени кои ќе ви се случат ако консумирате по две банани дневно
Многупати досега сте слушнале дека бананите претставуваат број еден производ кој треба да го вклучите во секојдневната исхрана. Бананите се добри за вашата линија и ви даваат енергија, го регулираат нивото на шеќер во крвта, ви го подобруваат расположението...
Причините зошто треба секојдневно да јадете банани се многубројни.
Ако досега често не сте консумирале банани, можете да направите мал експеримент – обидете се само месец дена да јадете по две банани дневно.
Според досегашните научни истражувања ќе забележите бројни придобивки. Коренот на косата ќе ви се зацврсти, кожата ќе ви стане значително помека и затегната, ќе ви се намали појавата на акни благодарение на големите количини на магнезиум...
Ако имате проблеми со констипација, испијте чаша вода со лимон и потоа на празен стомак изедете една банана, по некое време ќе забележите подобрување.
Ако боледувате од стомачен вирус, се препорачува да јадете полу-зрели банани.