Што ќе ви се случи ако престанете да пиете алкохол?
Пиењето алкохол е секојдневие, на некој помалку на некој повеќе. Но, дали сте размислиле какво влијание има неговото консумирање?
Кои се придобивките ако не пиете алкохол?
Ги намалувате килограмите
Ако го прескокнете пивото навечер имате поголеми шанси да ги намалите килограмите, затоа што преку пиењето на пиво внесувате дополнителни 150 до 1000 калории.
Подобро е за кожата
Кога пиете, кожата како и целиот организам се дехидрира, се затега и се иритира. Ако престанете да пиете, таа ќе биде хидрирана и поздрава.
Ќе спиете подобро
Кога не пиете, имате подобар сон. Алкохолот ги нарушува фазите на длабок сон и затоа се чувствувате уморни следниот ден, без разлика на тоа колку сте спиеле.
Заштедувате на пари
Ова не влијае на здравјето, но сепак, американските истражувањата покажале дека на секои 100 долари еден долар оди на алкохол. Па, размислувајте долгорочно, колку пари ќе заштедите ако не пиете алкохол?