6 мали промени кои може значително да ви го подобрат расположението

Утрата кога се будиме и едноставно не сакаме никој да ни „додева“ со ништо на светот, никогаш не сме се запрашале зошто е тоа така.

6-mali-promeni-koi-mozhe-da-vi-go-zajaknat-i-podobrat-raspolozhenieto-01.jpg

Ги користиме фразите како „понеделник е“ или „рано е“. Ретко кога се трудиме да си го промениме расположението, туку се прилагодуваме на фактот дека е понеделник наутро и дека треба да бидеме нерасположени.

Ако си го подобрите расположението ќе ги подобрите и ставовите и погледот на светот, на крајот и самите себеси – затоа вреди да се обидете.


Започнете да јадете поздраво

Пржената храна води до покачување на нивото на холестерол во крвта, затоа заменете ја со варени или печени оброци без масло.


Трчајте

Џенифер Ван Ален за „Runner’s World “ вели дека 30 минутното трчање може да го подобри расположението на луѓето кои се справуваат со депресија.

Во „Women’s Running“ е истакнато дека трчањето го зголемува нивото на невротрансмитерите како епинефрин, серотонин и допамин кои влијаат на нивото на енергија и прават да се чувствувате одлично како да сте совладале тежок предизвик на тренингот.


Слушајте џез музика

Џезот може да ве одржи подолг период смирени. Затоа кога возите, посебно на долги дестинации и ноќно време пуштете џез.

Џез музиката може да ви помогне да се ослободите од стресот и да ви се намали притисокот, затоа што крвните садови за време на слушањето се шират до 30%.

Љубителите на џез музиката имаат 25% помалку шанси да страдаат од депресија за разлика од оние кои не слушаат.


Потете се и надвор од сауна

Сите сакаме да се чувствуваме чисто и нема подобро чувство кога ќе ги тргнеме сите токсични материи од нашето тело кои излегле при потењето.

Потењето е здраво и токму затоа се препорачува сауна. Едно истражување вели дека луѓето со хронична срцева болест кои одат 5 пати неделно на сауна, во следните три недели функцијата на срцето се извршува одлично.

А доколку сакате да го постигнете ефектот на сауна поставете еукалиптус или пеперминт во собата. Тие го олеснуваат вашето дишење.


Местете го креветот

Важно е кога одите во кревет и дали наутро си го местите креветот. Така станувате многу попродуктивни.

Во многу истражувања истакнато е дека местењето на креветот наутро е во корелација со продуктивноста и острината на вашите вештини во текот на денот и влијае на подобрување на расположението.


Мирисајте свежо овошје

Ова е малку чудна навика, но во најмала рака прави чуда. Се препорачува да мирисате свежо овошје затоа што ја намалува анксиозноста.

Би можело да ве интересира:

Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Што предизвикува пелтечење кај возрасните и може ли да се надмине? Пелтечењето кај децата кои уште учат да зборуваат не е невообичаена појава, но к...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 25 години и уште сум немала секс, како да му кажам на дечкот... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg