Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар
Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температура над 40 степени Целзиусови – кои се симптомите што никако не треба да ги игнорирате?
Симптомите како главоболка и треска се релативно честа појава и во повеќето случаи не треба да ве загрижуваат.
Но, кога ваквите чести симптоми се јавуваат одеднаш или траат многу подолго од вообичаено, не треба да ги игнорирате.
Симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар:
Многу силна главоболка, без навидум никаква причина
Не постои личност која немала барем една главоболка во животот. Токму поради ова, кога ќе се појави, првиот инстинкт ни е да се напиеме апче за болка и да ја игнорираме.
Во повеќето случаи, навистина нема потреба да бидете загрижени.
Но, ако одеднаш почувствувате многу, многу силна главоболка, а притоа немате проблеми со мигрени и слично, веднаш одете на лекар.
Во ретки случаи, многу силната главоболка може да биде знак за мозочно крвавење.
Силна болка во градите
Ако сте истегнале мускул, имате повреда или што било што знаете дека ќе предизвика болка во градите, тогаш не би требало да се грижите.
Сепак, острата, интензивна болка во градите која се јавува без навидум никаква причина може да биде знак за инфаркт или проблем со срцето.
Па, не ја игнорирајте.
Силна треска
Во сезона на грип и настинки, високата температура не е така ретка појава.
Во повеќето ситуации, температурата можете да ја третирате и самите.
Сепак, ако температурата никако не се спушта или ако почне да се искачува над 40 степени Целзиусови, веднаш одете на лекар.
Испрекинато дишење
Нормално е дишењето да ви биде испрекинато, односно да бидете „задишани“ по физичка активност, качување скали и слично.
Но, ако дишите испрекинато или имате какви било тешкотии со дишењето без причина, одете на лекар.
Исто така, ако по физичка активност подолг период имате тешкотии со дишењето, исто така одете на лекар.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





