Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат

Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да бидат предизвикани од низа фактори и проблеми, вклучувајќи и рак на мочниот меур, па добро е да бидете свесни за нив.

simptomi-za-rak-na-mochniot-meur-koi-ne-treba-da-se-ignoriraat-01.jpg

Ракот на мочниот меур претставува раст на абнормално ткиво, односно тумор. Во некои случаи, ракот може да се прошири на мускулите што го контролираат мочниот меур.

Оваа болест е почеста кај повозрасни луѓе.

Важно е да знаете дека доколку се забележи во рана фаза, овој вид рак има големи шанси да се излечи.

Поради ова, добро би било да бидете свесни за симптомите.

Имајте на ум дека симптомите кои се карактеристични за овој вид рак можат да бидат предизвикани и од други проблеми со здравјето. Затоа, ако сте сомневате за што било, најдобро одете на лекар.

Дел од честите симптоми на рак на мочниот меур:

Крв во урината

Ова е еден од најчестите симптоми за рак на мочниот меур.

Количеството крв може да варира. Односно, некогаш може целосно да се промени бојата на урината, а некогаш крвта може да биде и незабележлива.

Исто така, овој симптом може да се јавува повремено.

Симптомот не значи дека дефинитвно имате рак, но сепак не треба да го игнорирате.

simptomi-za-rak-na-mochniot-meur-koi-ne-treba-da-se-ignoriraat-02.jpg

Честа потреба за мокрење

Важно е да знаете дека честата потреба за мокрење може да биде предизвикана од низа работи, вклучувајќи инфекции на уринарниот тракт, зголемена простата, зголемен внес на кофеин…

Сепак, ако сте загрижени за симптомот, одете на лекар.

simptomi-za-rak-na-mochniot-meur-koi-ne-treba-da-se-ignoriraat-03.jpg

Болка или печење при уринирање

И за овој симптом постојат други причини освен рак, но сепак не е нешто што треба да се игнорира.

simptomi-za-rak-na-mochniot-meur-koi-ne-treba-da-se-ignoriraat-04.jpg

Тешкотии при уринирање

Ако ви е тешко да уринирате кога чувствувате потреба или забележите какви било промени во количеството урина, одете на лекар.

simptomi-za-rak-na-mochniot-meur-koi-ne-treba-da-se-ignoriraat-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Од тагата страдаат белите дробови, од стравот бубрезите – Како емоциите влијаат врз органите во тело... Според традиционалната кинеска медицина емоциите се длабоко поврзани со здравјет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg