Кога навистина треба да бидете загрижени поради опаѓањето на косата?
Ако имате чувство дека многу ви паѓа косата, веројатно немате причина за грижа.
Многу жени по излегувањето од када наоѓаат цело клопче влакна во кадата. Но, стручните лица кажуваат дека тоа е сосема нормално, особено за оние кои имаат погуста или подолга коса.
Во просек дневно губиме меѓу 60 - 100 влакна, но овие бројки варираат од личност до личност. Косата е многу чувствителна на стрес, но и на други промени во организмот или ослабен имунитет. Практично ова значи дека еден понапорен месец или премногу работни обврски, дури и нагла промена на режимот на исхраната може да причина за почесто опаѓање на косата.
Но, штом воспоставите правилна рамнотежа во вашиот организам сè ќе се врати на свое место и вашата коса повторно ќе биде сјајна и цврста.
На паѓањето на косата влијае и генетиката, но и хемиските препарати фарби и шампони. Не треба да ги занемарите ниту фенот, фигарото и пресата.
Кога треба да сте навистина загрижени?
Ако забележите дека косата ви паѓа повеќе од вообичаено и тоа трае повеќе од три месеци! Причината за тоа може да биде недостаток на витаминот Б12, железо и витаминот Д, но и други посериозно проблеми.